Home Live Војо Иванов од 300 до Данела: На улица ни дофpлуваат работи кои...

Војо Иванов од 300 до Данела: На улица ни дофpлуваат работи кои не направија да се чувствуваме мизерно

Во последниве седум дена во Зоолошката во Скопје беа за кл ани повеќе од десет коњи и мазги, за да им бидат дадени како храна на месојадните животни, сведочат барем тројца вработени во Зоолошката.

Информацијата минатата недела ја потврди и директорот, Кристијан Стаменов. Вработени во оваа институција реагираат дека досега не се случувало да бидат упокоени коњи среде Зоолошка градина, туку храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.

Директорот Стаменов тврди дека им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, тврди дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да се даде жива стока во Зоолошката градина.

Иако Град Скопје го разреши вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов пред 5 дена, тој уште доаѓа на работа, се сместува во директорската фотелја и продолжува со задачите кон вработените.

Дел од оние кои работат во Зоолошката градина во Скопје велат дека се подготвени да се сретнат со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која ја повикаа да дојде во ЗОО Скопје порачувајќи и дека за 10 минути пеш ќе стаса до нив, ако сака да ја види реалната состојба.

Денеска, познатиот Зоо неговател Војо Иванов ѝ напиша отворено писмо на градоначалничката Данела Арсовска. „Градоначалничке Данела Арсовска, замолувам за брзо решение! Висиме со штетни одлуки и наредби со закана.

Не ми се допаѓа ваква јавна преписка како панаѓур, но за жал работите брзо се одвиваат и може повторно да излезат од контрола! Ова за жал, сметам дека е најбрз начин информацијата да стигне до Вас.

Колеги веќе ги гонат кри вично за извршување наредби, затоа да Ве потсетам дека насетувам повторување на слично дело, одбивам да бидам во слична состојба како и нив, затоа ви најавувам и молам за брзо решение -доколку сте во можност,стоиме на располагање со група вработени.

Не барам титула, ниту покачување, ниту некаков специјален статус во установата! Немам и сум немал такви амбиции, уживам во мојата професија Зоонеговател!

Направив се во последните години за да моите колеги гордо излегуваат пред публиката, ја едуцираат и мотивираат да ја сакаат природата,животните и нашата установа!

Деновиве за жал на улица ни дофрлуваат работи кои не направија да се чувствуваме мизерно, лошо…чувство ненеприпадност.

Фамилии од мои колеги трпат стресс и омаловажување ,се само од една стетна одлука на директор…замолувам пак:

Директор кој ќе не остави да работиме со животните-а не да чистиме паркинзи и тоалети со човецки измет, директор што ќе има почит кон сите луѓе инволвирани во установата -а не да не омаловажува вербално.

Директор што ќе има слух за вработените и животните! Директор што на зоолошката ќе гледа како на установа од која треба првенствено да направи дом за животните- а не луна парк и вашар

Знам дека се соочувате со технички проблеми. Можда може заеднички да дојдеме до решение. Најдете време и дојдете прва слободна прилика.

Можеме да јадеме заедно(од бараките -пески сте за 10мин кај нас) Вие и ние колегите што секој ден без оглед дали се 40Ц или -15 ,дали е пандемија,дали е празник или неработен ден се тамо на Илинденска за да направат живот за тие тамо и бар малку да им вратите надеж за враќање на прав пат.

П.с и да- да не ми забранува со точак да се возам низ зоо, многу време ми зема пешачење на 13 хектари- повеќе работа ќе завршам вака. Благодарам однапред“, напиша Војо.

Previous articleНеда Укpаден изгледа 20 години помладо, сликата во костим за капење зборува многу (ФОТО)
Next articleГавазова ги покажа танчерските способности, па ѝ порачаа: Сузе, па ти како што старееш, ГРМИШ (ВИДЕО)