Home News Министерот Сали проговори околу случајот Жан Митрев: Полека со квалификациите и заклучоците...

Министерот Сали проговори околу случајот Жан Митрев: Полека со квалификациите и заклучоците – да дозволиме да заврши истрагата

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), во неделата ја објави истражувачката сторија за лекување на пациенти од ковид-19 со хемофилтрација, при што некои се упокоиле од интрахоспитални инфекции.

Истражувачката документарна емисија „Нечиста крв“ е базирана на сведочењето на семејство чиј член поч инал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции, бидејќи бил подложен на хемофилтрација.

Истражувањето на ИРЛ се потпира на 24 пријави на граѓани од Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да бидат известат дека се дел од медицинска студија.

За случајот предмет овори и Јавното обвнителство, кое е во предистражна постапка и за што засега не се откриваат повеќе детали.

Завчера се оглаисија и од Жан Митрев Клиника:

„Имајќи во предвид дека деновиве во медиумите се објавени невистинити и наведувачки информации поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев и Академик д-р Жан Митрев би сакале да ја известиме целокупната јавност, медиумите и нашите пациенти за следното:

Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижa во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи.

Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот КОВИД-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи.

Навистина сме згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нашата институција, како и од неточните наводи, односно од фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на Клиничката болница Жан Митрев, напишаа меѓу другото од болницата.

Денес на прес се огласи и министерот за здравство Беким Сали, кој побара повеќе време за да се истражи случајот и да се излезе со конкретни информации.

„Јас чувствувам длабока одговорност и решен сум случајот да добие разрешница. Мора да има систем што функционира и ќе ги заштитува пациентите. Никој не е над законот , ова нема да биде заборавен случај и ќе го тераме до крај“, рече Сали.

Според министерот, во време на ковид, ниеден здравствен систем не користел лекови врз основа на докази. Лекувањата се базирале само врз основа на препораки.

“Многу сте сигурни дека се правени експерименти. Јас би повикал да бидеме внимателни во тоа што го кажуваме… Eксперимент е тежок збор“, предупреди министерот.

Резултати се уште нема ниту од инспекцискиот надзор на Агенцијата за лекови која треба да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.

„Логично е малку да се даде време за да се утврди се според протоколите, прописите и законите. Сакаме да сме сигурни дека тоа било така како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клиничко испитување.

Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди.

Во меѓувреме има состанок меѓу претставниците на МАЛМЕД и тимот од „Жан Митрев“, се соочуваат аргументите, истакна директорот Лирим Шабани.

Некои медиуми пренесоа дека министерот Сали посочил: „Се буните дека било скапо, да беше 500 денари немаше да има рекации“.

Поради тоа што бил погрешно протолкуван, Министерот пред малку на својот профил на социјалните мрежи, ја објасни својата изјава:

„Почитувани медиуми и граѓани, дозволете да објаснам дека вашето здравје нема цена и независно од цената на здравствената услуга, било да е тоа 500 или пак 5 денари, одговорност мора да има. Тоа беше мојата идеја и мојот став. Се друго е само толкување.“

Previous articleЛидија Вукиќевиќ проговори за 20 години помладиот дечко кој не живее во Србија, влезе во седмата деценија и ја отвори душата како никогаш досега
Next articleЈас сум таа жената што јаде сендвичи со паштета и патлиџан на плажа и нека ме чуе сега таа „елитата од лежалките“