Home Live Татјана Стојановска искрено кажа што мисли за мачо типовите, и што е...

Татјана Стојановска искрено кажа што мисли за мачо типовите, и што е она што никако не го сака кај мажите

Неоспорен факт е дека епохите, периодите се врзуваа и со различни претстави за женската убавина, нејзиното совршенство, а пропо критериумите, вклучително и сфаќањето за основата, изворот на истата – однатре, од внатрешноста.

Имено, таа отсекогаш произлегувала од манирите, доброто воспитание (однесување), самодовербата…“, напша Машки магазин за една од нашите најубави жени, а тоа е секако презентерката Татјана Стојановска.

Татјана Стојановска во емисијата ,,Приказна” во една прилика отворено зборуваше на себеси, за своите почетоци, а им се обрати и на младите, на луѓето во дијаспората но и на политичарите.

-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.

Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“. Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси.

Сепак јас и како ученик доста внимавав на литературниот јазик, во училиште, и во основно и во средно секогаш сум учествувала на тие секции по македонски јазик, на приредби, рецитации, така што го имав тоа во себе.

Таа дарба, тој талент за почитување за добра дикција. Тоа беше препознаено и од луѓето во Македонската телевизија, меѓутоа настапот на екран е сосема различен.

Ги учевме сите тие техники на дишење, совладување на техниките на камера да се зборува, меѓутоа се внимаваше и се даваше големо внимание на акцентирањето, на дикцијата, на интонација, на почитувањето на македонскиот литературен јазик.

Тогаш јас на еден начин како еден млад човек, иако сум сум внимавала и претходно, влегов со таа екипа кога навистина многу се почитуваше јазикот и говорот на екранот.

Сметам дека за нашава професија е исклучително важно, водители, презентери, луѓе коишто се обраќаат на јавноста, тие го креираат всушност и негувањето на македонскиот литературен јазик, и го имаат како задача, како обврска, како нешто коешто мораат да го прават“, рече Татјана.

Во Машки магазин,во своето ново интервју, таа зборуваше за тоа што е она што од партнерот, и зборуваше за љубовта. Како што е познато, Татјана е во долгогодипна врска со Михаил Китановски кој е бизнис консултант и живеат заедно.

-Според мене, женската убавина доаѓа однатре, а физичката убавина ѝ дава облик на внатрешната и комплетна слика на една жена. Убава жена или убав човек воопшто е оној кој го красат добрина, емпатија, култура, интелект, продуховеност, трудољубивост.

Тоа го барам кај партнерот, всушност со тоа ме плени еден човек“, рекла Таткана во Машки магазин, а потоа ја прашале: А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?

– Давам предност на умствените атрибути пред физичките. Начинот на кој некој зборува, што зборува, шармот, вниманието, посветеноста ми се многу поважни од изгледот. Грижата и почитувањето на другиот, вниманието што го дава во секојдневието е она што една врска ја прави цврста.

Можеби кога сме помлади, прво нѐ привлекува нечија физичка убавина, но во позрелите години – тоа е ирелевантно и се свртуваме кон многу поважните работи кои ги поседува еден човек. И не само за партнерство туку и за пријателство.

Мислам дека секој интелигентен маж знае што бара една жена. Ако ја запознае добро и ги види нејзините квалитети, ќе му биде многу лесно и да ја освои и да ја задржи покрај себе.

Никогаш не сум ги ценела мачо типовите мажи, тоа ми било дури и одбивно. Секако, ме привлекуваат културата, интелигенцијата и по малку кавалерството. Но и претераното внимание, заштитничкиот однос и кавалерството кое преминува во задушување не е во ред.

Значи, еден нормален однос, помагање, меѓусебно почитување без премногу трудење за привлекување внимание“, рече Татјана во Машки магазин.

Previous articleВака се сака свекрва- сопругата на Бени Шаќири, Лиза, гушната позира со мајка му, како да и е родена мајка
Next articleОдмор на типичен Македонец: 40 степени во кола без клима и климаво семејство шо треба да патува, дур да стигните твоите три пати се развеле