Home Live Вака се сака свекрва- сопругата на Бени Шаќири, Лиза, гушната позира со...

Вака се сака свекрва- сопругата на Бени Шаќири, Лиза, гушната позира со мајка му, како да и е родена мајка

Нашииот познат рок музичар Бенио Шаќири е човек без влакно на јзико, познат како некој кој својот став гордо го кажува и го брани. Минатата година се кандидираше на локалните избори за градоначалник на Скопје.

Во тој период, тој трчаше на скопскиот маратон и во видео кое го објави на социјалнитете мрежи рече дека трча за Скопје.

Скопје е град кој потклекна под наезда на невкусот, некултурата и недостиг на одговорност особено кај луѓето кои го управуваа години наназад!

Една од најголемите маани на градот Скопје е нехигиената, хаотичната и неконтролирана градежна експанзија, и пред сè недостиг на насмеани и среќни луѓе кои притиснати од милион проблеми се најдоа во ситуација во која се!

Скопје е сив и депресивен град, а имаше реална шанса да биде убав, чист, зелен, насмеан и ведар град преполн со шаренило!

За поправање на состојбите треба да ми се даде доверба и во интензивна соработка и безпоштедна активност со умни стручни и доверливи стручњаци во своите области состојбите ќе се подобрат во огромен процент, најодговорно тврдам“, рече тој во интервју за Фактор за време на кампањата.

Имав прекрасно, безгрижно детство, растев во Скопје – здраво, нормално и насмеано, многу повеќе зелена површина, со помалку градби, убави луѓе, комшии, сигурно и безбедно од секој аспект. Тука ги завршив сите школи.

Имаше музика, филм, театар, ноќен живот најдобар на Балканот, безбеден, за пример. Многу малку од тоа денес е останато!

Сè помалку го има и мирисот на липите, кој беше мевлем за душа, препознатлив, скопски. Остана бетон, пластика, ѓубре на сите страни и невкус кој секојдневно сè повеќе и повеќе доминира!

Не гледам повеќе ни луѓе кои играат табла ,шах ,домино, за жал тоа скоро и да е искоренето! Скопје се сведе на зависност од невкус и социјални мрежи кои се воведоа за сосема друга намена! Модерно време…

Старините треба да ги негуваме,чуваме и возобновиме во граници на возможното, но секако треба да се движиме напред во чекор со светот и да не го занемариме модерното време кое ако не се следи и ако не се искористи паметно и рационално може да нè сомеле и претвори во лоша импровизирана средина што всушност и ни се случува.

Маалскиот живот, взаемното почитување, солидарноста се скопски дисциплини кои повеќе речиси и да не постојат. Скопје мора да си го врати сопствениот сјај, а јас ќе работам посветено на тоа и во менаџирањето на градот, исто како што и досега впрочем се залагав на начин на којшто умеев и знаев“, изјави тој за Фактор.

Во едно интервју за Женски магазин, Бени Шаќири зборувал за неговото семејство а ја споменал и својата сопругата Лиса Баута Шаќири.

– Машала, фала Богу, добро е сѐ. Тие се одлични. Имаат коси до половина, иако е полесно за одржување ако им се кратки. Но, тие се далеку поубави со долги коси и само заради таа намена и причина имаат таков имиџ.

Порано сакаа долги коси, но сега веќе не сакаат такви фризури. Едниот ми вели „Тато, сакам да имам фризура како Џони Деп“, рекол Бени, а потоа додал:

– Постариот има 10 години и свири клавир и го интересира баскет. Тој исклучително добро пее и е точен. Но, не пее, не знам зошто. А малиот е пасиониран свирач на гитара.

Има седум гитари и три појачала и веќе свири. Има 8 години и одлично свири за своите години. И двајцата се на мајка им, фала Богу“, изјавил Бени Шаќири.

Познато е дека негова сестра е Нора Шаќири која беше директорка на Театар Комедија, а негпва сопруга е активистската Лиса Баута Шаќири. Најголема поддршка на Бени е неговата мајка Изета.

Е, токму мајка му објавила слика на Фејсбук на која напишала дека е со своите снашки, сликани на убаво место, во ладовина, во Марков манастир, и се гледа дека уживаат на ова место.

На сликата, Лиса и Изета како и другите снашки ги рушат стереотипите снаа и свекрва кои кај нас обично не се сакаат. Напротив, изгледаат среќни како да се сликани со родена мајка, а не со свекрва.

Previous articleМакедонец од Америка кажа како се зезнал со нарачка во кафеана во Охрид – збecнyва или е во право?
Next articleТатјана Стојановска искрено кажа што мисли за мачо типовите, и што е она што никако не го сака кај мажите