Home Live Во мини бикини, покажа нешто што досега не покажала, Антониа Гиговска знае...

Во мини бикини, покажа нешто што досега не покажала, Антониа Гиговска знае како да рекламира, од плажа

Антониа Гиговска е една од нашите најпопуларни пејачки, во последно време и инфлуенсерки.

– Не ми се верува….. каков талент е детевоооо!!!!!! Ја добив како подарок од @milch.art. Преголема е сликата, ви правам update каде ќе ја ставам. Гушки, бацки! Фала најмногу“.

Ова го објави Антониа Гиговска на својот Инстаграм профил, и стави слика од нејзин портрет која ја добила од уметник кој одлично ја насликал.

Таа секогаш отворено зборувала и за својата линија, дека е голем гурман и дека си го сака своето тело какво што е. Антониа им порача на сите дами да се сакаат какви што се.

Пејачката успеа да ослабе повеќе од 16 килограми изминативе месеци, а тоа го стори со многу вежбање, и со специјален начин на исхрана. На оваа тема, таа зборуваше во Репортер.

– Навистина го сакав моето тело какво што е. Немаше посебен момент кога решив да ослабам. Седев дома и сфатив дека сакам да направам нешто со себе“, изјави пејачката.

Таа рече дека секојдневно комуницира со Калудија Адеми, познат бодикоуч од Шпанија која им помогнала и на Ана Бекута и на Инди да ослабат.

Таа ѝ помогнала со начин на исхрана и со вежби, и ѝ била најголемата мотивација да не се откажува. Исхраната на Антониа се сведувала повеќе на овошје и на зеленчук.

Антониа денес објави фотографија од својата совршена фигура, од фитнес сала. Антониа сега навистина изгледа совршено.

Антониа објави и стори, на кое е тазе нашминката, со виткана коса, филтери, долги нокти и многу поинаква шминка од обично, па таа на оваа слика не личи на себеси воопшто, но изгледа супер, како Барбика.

Кога се појави, филмот „Тома“ го освои регионот, и ги сруши сите рекорди на гледаност.

Песната „Поноќ“ во изведба Ацо Пејовиќ и Сузана Бранковиќ стана вистински хит и периодов е една од најслушаните песни.

Многумина снимија дел или ,,кавер” од песната која не престанува да се слуша и да се пее.

Антониа Гиговска на својот „Инстаграм“ објави видео на кое го пее делот на Силвана односно Сузана и побара оценување.

-Уште ми е еден од најубавите филмови. Мераклии на кафана сакам оценка во коментар“, напиша таа.

Под објавате се нижеа позитивни коментари за Гиговска. Меѓу оние кои прокоментираа беше и токму Аца Пејовиќ кој ја пее песната.

-Браво малечка, напиша тој под фотографијата, а Антониа врати – „Татичко мој“.

Неодамна Антониа ги изненади белграѓани. Таа на својот профил на социјалните мрежи, објави две видеа, како пее на улица, односно им се придружува на улични свирачи и ја пее „Македонски девојче“.

Антониа со овој потег наликува на светските ѕвезди, кои многу често знаат да застанат на улица, да запеат или засвират.

Антониа објави слики во мини бикини, на плажа, во Грција. Пејалката рекламира производ на Инстаграм, но на доста интересен начин.

Освен што го покажа своето тело на плажа, таа ја покажа и својката тетоважа, и сликаше еден специфичен дел од своето тело, се со цел да го изрекламира производот.

Гиговска знае како со Инстаграм бизнисот, и откако се стави на здрав режиим на исхрана и драстично ослабе, таа секој момент го користи да покаже дека изгледа одлично.

Previous articleЈас сум таа жената што јаде сендвичи со паштета и патлиџан на плажа и нека ме чуе сега таа „елитата од лежалките“
Next articleД-р Беќаровски ги објасни симптомите на новиот сој: При мачнина и повраќање, не ја обвинувајте одма „расипаната храна“