Home News Д-р Бојан Трајковски кој оди во домашна посета апелира: Доволно се испотрошивте...

Д-р Бојан Трајковски кој оди во домашна посета апелира: Доволно се испотрошивте изминатите 2 години – не фрлајте пари за анализи и антибиотици ако нема потреба за тоа

Од средината на минатиот и почетокот на овој месец, не само кај нас, туку и во останатиот дел од Европа, забележително е нагло зголемување на бројот на позтивни тестови од најновиот сој на корона вирусот.

Д-р Бојан Трајковски, вработен во ординацијата за општа медицина ПЗУ Медика Вера, во популарната група Ковид – 19 искуства и совети, го пренесе своето искуство од последниот бран со вирусот, кој е особено актуелен последниот период, поради сè поголемиот број позитивни од тестираните.

-Се повеќе почна да се актуелизира новиот бран па би сакал да се осврнам на неколку работи кои ги гледам во секојдневната пракса во амбуланта и со домашната посета која ја нудиме:

1. Заразата е особено активна и ја очекуваме се повеќе со оглед на тоа што се годишни одмори и средбите со други луѓе е особено зголемен.

2. Најдобра заштита сеуште остануваат маските и соодветната дистанца.

3. Не секоја настинка, симптом, температура е КОВИД.

4. Гледаме се почесто лепеза од разни симптоми (кашлица, омалаксаност, дијареа, повраќање, температура)

5. Лето е па можноста за стомачен вирус е особено зголемена па често прават забуна пациентите и веднаш сомнежот е за Ковид.

6. Третирањето на пациентите е секогаш индивидуално и според симптомите. Она што е заедничко за сите е доброто рехидрирање со ладни и негазирани течности. ПРЕСТАНЕТЕ да си фрлате пари за секакви инфузии особено не ако не збориме за дехидрираност.

7. Имајте ТРПЕНИЕ, не мора да помине сега и веднаш…за разлика од претходните соеви овој последен развива силна симптоматологија првиот ден за да ден два покасно истата е особено намалена.

Зазадравувањето е прилично побрзо и најголем дел од пациентите имаат некои 5 дена потреба за нормализирање.

8. Не пијте се и сешто особено не АНТИБИОТИЦИ. Најголем дел од пациентите ги третираме исклучиво со витаминска терапија и орално рехидрирање со течности. Едноставно оваа како и сите болести од овој тип треба да се ОДЛЕЖАТ.

9. Не правете секаков тип на крвни анализи ако не ви нагласи лекар. Доволно си ги дадовте парите 2 години наназад.

10. Речиси и да нема симптом што не е нормален во активната фаза на боледување (главоболка, омалаксаност, срцебиеење, висока температура, сува уста, болки во кичма, болки во коски и зглобови, нагони на повраќање, дијареа и многу други)

11. Не паничете, бидете внимателни и реагирајте согласно симптомите. За среќа овој бран е со многу помалку долнореспираторни промени (бронхит, пневмонии и слично.)

12. Секогаш има исклучоци и секој пациент си е приказна за себе! Ако нешто не нагласив, а е битно нека ме дополнат колегите во групава!

Previous articleКалиопи и посвети емотивна честитка на Олгица Христовска, која ја испеа ,,Свирете ја зајди, зајди”
Next articleВо Охрид може и ефитно да се помине, на ова место комплет оброк е 140 денари, исто како и нес кафето во чаршијата