Home Live Елена од „Живот со стил“ прво го криеше Бојан од јавноста, а...

Елена од „Живот со стил“ прво го криеше Бојан од јавноста, а сега направи нешто убаво за него- ова е нивната вистинска љубовна приказна

– Отсекогаш сум била креативен тип на човек. Мојата кариера постојано е поврзана со радио, ТВ емисии, мода, стил, па никогаш не сум размислувала да ја променам професијата.

Меѓутоа, ако не би ме гледале во улога на автор и водител, дефинитивно би била во уредувачка политика на некој медиум каде би го пренесувала своето знаење и би создавала одлични проекти“, рече познатата водителка Елена Стефановска, позната по ТВ проектот Живот со стуил во една прилика во Женски магазин.

Како роденденска желба, шармантнaта водителка си посака да е среќна и насмеана, и секогаш со позитивен дух. „36-те ми се најубави на свет. Како што напишав, така навистина така и се чувствувам.

Ова е дефинитивно најубавата деценија за мене, како роденденски подарок оваа година го сметам „Живот со стил“, ток-шоуто коешто е само доказ на мојата зрелост, затоа што точно знам што сакам во животот“, изјави тогаш Елена.

„Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам.

Ги охрабрувам сите самофинансирани и успешни жени секогаш да работат на себе, да се надоградуваат секојдневно, да се образуваат, и секогаш да бидат со стил, бидејќи независноста и слободата немаат цена“.

Ова го изјави водителката за Женски магазин, која во секоја емисија, зборувајќи на различни теми, раскажува за животниот стил на своите гости.

Само можам да ви кажам, од моето искуство како проект менаџер на Живот со стил, сега за сега, одлично пливам. Мора да се држат конците во раце за да не се испушти кормилото, па бродот да ти замине во друг правец.

Тешко е, но упорна сум и наоѓам начин за да го остварам зацртаното. Искуството го прави своето, па реагирам на позитивните реакции на публиката, а тоа е најважната награда за мене“, изјави таа во hybrid.mk

Елена, се вери за време на новогодишната ноќ, а запросувањето беше неочекувано изненадување за неа бидејќи таа во план имаше да ја прослави Новата Година.

Поточно, тогаш му кажа на Бојан дека ќе се омажи за него, но тие не чекаа долго време и уште веднаш Елена објави на својот профил дека планира да прави свадба ова лето.

Елена Стефановска вчера застана на ,,лудиот” камен и го кажа судбоносното ,,да” на нејзиниот долгодишен вереник Бојан.

Најпрво Елена, минатиот викенд прослави моминска вечер заедно со своите другарки и тоа го направи на многу магично место, на плажа, во бикини и коктели.

Потоа, Елена на својот профил објави одбројување до денот на свадбата, а нејзините обожаватели едвај чекаа да видат како ќе изгледа водителката.

Елена Стефановска на своето стори сподели мали моменти од својата свадба. Таа всушност објави неколку видеа од првиот танц, а потоа на сите им се заблагодари за честитките и изјави дека официјалните фотографии ќе бидат објавени наскоро.

,,Драги мои, Ви благодарам на сите честитки што ми ги пративте. Ги имаше навистина многу.

п.с Ја имав најубавата свадба, официјални фотки наскоро!,” напиша Елена.

На сцадбата на познатата водителка и пееше познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната ,,Мед и слатко грозје”, a Елена со дигнати раце пееше со него.

,,Фала ти за љубовта”, му напиша Елена на пејачот кој го објави на нејзиното стори.

Елена изгледаше совршено во нејзината венчаница која се влечеше отпозади и даваше изглед на вистинска принцеза. Потоа кога дојде време за журката, водителката се раскомоти и облече кратко бело фустанче со пердуви.

Всушност, речиси сите невести сега одбираат да носат две венчаници, една подолга и една пократка која нема да им тежи за време на забавувањето.

Пред да се вљуби во Бојан, Елена ова го кажа на прашањето каков маж би можел да ја освои: „Не е тоа супермаркет за да набројам производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности“.

А ова е љубовната приказна на Елена и на Бојан, за кој за првпат прозборе во 2019 година. Елена и Боја всупност биле вљубени и пред тоа, но таа ја криела врската со него, сакајќи да ја сочува својата приватност.

Елена Стефановска со емотивна објава на својот Истаграм профил, му посака среќен роденден на својот партнер, Бојан Најдоски. Авторката на емисијата „Живот со стил“ која секогаш го чува приватниот живот подалеку од јавноста, за прв пат објави фотографии со партнерот, напиша Женски магазин во 2019 година.

„Среќен роденден на една специјална личност која му носи радост на моето срце. Благодарна сум за секој момент кој го поминуваме заедно, и посакувам нашата среќа никогаш да не заврши“, напиша Елена.

Атрактивната водителка не сакаше да открива многу детали за љубовната приказна со Бојан. Во куса изјава за Женски магазин, таа рече дека фотографиите кажуваат сѐ.

„Многу сме среќни. Не сакам сега за сега да откривам детали. Сликите кажуваат сѐ. Ова е мое прво јавно откривање на фотографии со дечкото. И доволно е…“, изјавила Елена за Бојан кој е сопственик на познат кафе-бар во Скопје.

За љубов на својот сакан, Елена го сменила своето презиме, од Стефановска во Најдоски, што е објавено на нејзиниот Инстаграм профил.

Previous articleПејачот Дарио има за частење – убавите вести ги објави на Фејс со слики од својата ќерка како невеста
Next articleЖена му на Дамјан, синот на Војо Стојаноски не е љубоморна, пејачот си ужива во друштво на вакви расни убавици