Home Live Калиопи и посвети емотивна честитка на Олгица Христовска, која ја испеа ,,Свирете...

Калиопи и посвети емотивна честитка на Олгица Христовска, која ја испеа ,,Свирете ја зајди, зајди”

За Битолчанки важи муабетот дека се најубави, најдотерани, најстокмени, најсредени кога ќе излезат да прошетаат по Широк Сокак, очите да ти се наполнат од убавина.

Легендарната улица, или пешачка зона, денес е срцето на градот на конзулите низ кое парадираат битолските убавици покрај низата од безброј кафулиња додека со погледи ги следат и меркаат од глава до петици „влажните машки погледи“, изнудувајќи им воздишки…

Токму на ова локација се сретнаа, па се впуштија во ноќна прошетка две дами познати македонски дами…

Две уметнички легенди кои Македонија ја задолжиле со она што зад себе го оствариле, оставиле и се’ уште го прават… И во музиката и во театарот.

Едната родена битолчана, другата по потекло од Кичево, обете со скопски адреси на живеење. Двете бисер грла, гласишта, вокали за медал, интерпретаторки какви се раѓаат еднаш во сто години…

Олгица Христовска и Калиопи Букле двете врвни, вонсериски македонски музички ѕвезди и повеќе од тоа. Олгица и актерка, Калиопи и автор и над сето тоа, двете одлични пријателки, објави во една прилика Вистина.мк.

Да потсетиме, Калиопи на својот профил на Инстаграм објави емотивно видео со својот татко под кое напиша:

„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи … Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења.

Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене!

Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн … И сега, после толку години, улогите се сменија … И можеби ова е многу помило и поубаво за мене ..

Еден од моите најомилени моменти во изолација … бричење на брадата на тато … И јас се усовршив … Како да пишувам една од моите најубави песни.“

Неодамна, таа објави слика со уште две важни личности во својот живот, мајка ѝ и сестра ѝ. Добрата страна на пандемијата – скапоцени моменти како овој …

Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето и што го чуваш твојот млад дух во себеси и го споделуваш со нас…

Те сакаме!“, напиша Калиопи. Калиопи од сестра си има една внука, а таа има и брат од кој има двајца внуци.

Таа во едно интервју откри што научила за време на пандемијата. „Ако некаде навистина сите сме биле исти и врзани за иста желба, тогаш тоа е сега, во оваа светска изолација“, изјави Калиопи.

Калиопи повторно ја отвори душата и откри дека токму кога татко ѝ го напуштил овој свет, таа требала да пее и раскажа како го доживеала целито тој момент на загуба и утехата која ја имала.

„Сеќавања… Еден од најубавите концерти во мојот живот, а најтешкиот за мене… Тоа утро, на денот на концертот во Врдник, ја добив веста дека татко ми поч инал. Го испратив во вечноста со песна.

Неописливо чувство… Сега кога ги гледам фотографиите, повторно по којзнае кој пат чувствувам голема благодарност, што можам да канализирам тага и среќа низ песната и што имам таква публика…

И дозволете ми пред се да ви се заблагодарам на сите вас кои сочувствувавте со мене овие денови, за секоја ваша порака , почит и љубов…“, напиша Калиопи.

Калиопи е добра пријателка со Олгица Христовска која ја испеа ,,Зајди, зајди”, со која Калиопи објави фотографија. Калиопи напишала покрај фотографијата со која ја овековечила нивната средба:

„Битола ноќе со мојата Олгица… Луѓето секогаш доаѓаат во нашиот живот поради некоја причина, но од нив засекогаш остануваат само оние, кои доаѓаат со вистинската причина и кои ја кажуваат дури и најсуровата искреност, за која ризикуваат да ве изгубат… Јас таквите ги нарекувам пријатели … пардон – семејство“!

И навистина во изминативе повеќе од три децении колку што трае нивната дружба, двете македонски ѕвезди се’ повеќе од пријателки, речиси семејство, иако не се… Ама како да се! Како сонце и месечина, напиша Вистина. мк за Калиопи и Олгица.

Previous articleНа Андријана Јаневска мотоpот ѝ легна: По кратки пантолончиња, се качи на него спремна (ФОТО)
Next articleД-р Бојан Трајковски кој оди во домашна посета апелира: Доволно се испотрошивте изминатите 2 години – не фрлајте пари за анализи и антибиотици ако нема потреба за тоа