Home Live На Андријана Јаневска мотоpот ѝ легна: По кратки пантолончиња, се качи на...

На Андријана Јаневска мотоpот ѝ легна: По кратки пантолончиња, се качи на него спремна (ФОТО)

Андријана Јаневска, нашата позната шејачка, виолинист и професор по музика, секогаш отворено зборува за сè што ни се случува. Таа е мајка на две деца и важи за многу вредна и упорна жена..

Во една прилика Андријана, веројатно погодена од некои коментари на социјалните мрежи, реши да подобјасни низ што сè мора да помине еден музичар пред да стане професионалец:

„Според коментарите на социјалните мрежи, имам впечаток дека малку се знае за патот по кој еден класичен музичар чекори додека да созрее во професионален уметник. Ќе се обидам накратко да објаснам:

Еден професионален музичар вообичаено од 6 години посетува музичко училиште. Учи солфеж (нотно описменување) и инструмент паралелно со основното училиште. Вежба секој ден затоа што како во спортот, така и во музиката мора да постои континуирано вежбање..

Родителите треба да купат инструмент, кој подоцна треба да се замени со поскап и подобар. Секоја година детето се оценува од стручна комисија и полага завршен испит.

Во меѓувреме почнува со првите јавни настапи и концерти и учествува на државни и меѓународни натпревари. Потоа продолжува во средно училиште каде вежба по неколку часа на ден бидејќи материјалот е многу потежок.

На училиште се седи од утро до вечер, а се вежба каде ќе се најде слободно место.

Концертите и натпреварите се почести. На факултет музичарот веќе почнува да се оформува и во буквална смисла на зборот мора да се предаде на професијата и да жртвува многу за да биде успешен.

Околу психолошкиот притисок (да не се погреши ниту една нота, бидејќи отиде делото) да се издржат сите тие настапи и концерти не сакам ни да зборувам, бидејќи во класичната музика едноставно нема простор за импровизации.

За цел овој период се посетуваат мастер класи, работилници и семинари. Зборувам значи за долг период од мноооогу години и тоа трае цел живот, бидејќи не смее да помине ниту еден ден без вежбање.

Да сумирам: за да се отсвири еден концерт за пијано и оркестар, да се отпее главна улога во опера од 4 саати или да се издиригира дело за хор или оркестар, треба долги години вежбање, многу скинати жици и нерви, многу пропуштени празници со семејството.

Уметноста не е работа од денес за утре. Му текнало некому на 30 години дека сака да е музичар, па ај ќе стане. Секако дека има и исклучоци, но генералната слика е оваа, а бидејќи сум спортски тип со сигурност знам дека и кај професионалните спортисти е слично.

Затоа, се згрозувам кога кој било ќе се дрзне да каже погрден збор кон професионален музичар или спортист.“, рече таа тогаш.

Инаку, Андријана ужива во уредувањето на дворот во нивната семејна куќа во Бардовци, и често зборува за тоа дека со синовите ужива да сади цвеќиња и растенија, и секој слободен момент да го поминат во природа.

Андријана веќе некое време е моторџика, и ужива во адреналинското возење со нејзиниот мотор Хонда, за кој на Фејсбук напиша дека сега е веќе во зимски сон, а таа го замени со велосипед.

– Од коњ – на магаре, со самар на грб. Во превод, од мотор – на точак со виолината на грб. Мора да се работи, па, убаво е доколку можете да го искористите времето од и до работното место за пешачење или возење велосипед.

Хондата веќе е во мечкин сон. Уживајте во сончевите денови. Океј, и дождот има своја убавина, но, јас гласам за сонце“, напиша Андријана на Фејсбуик и објави слика од неа како вози велосипед на кејот на Вардар.

Во интервју за Репортер.мк ја прашаа од каде доаѓа љубовта кон моторот со оглед на тоа што ниту сопругот Гино, а ни татко и’ не возеле мотор:

,,Како да кажам, не беше случајно ама така ќе испадне на крај , на пример татко ми не е моторџија, обично викаат таткото ако е моторџија демек и децава ќе наследат и сите ме прашуваат дали некој е моторџџија.

Кумот мој е моторџија, значи на Гино најдобриот пријател и доаѓаше кај нас можда 10 години откога сме ние заедно цело време со моторот.

Никогаш не ми текнало, не сум имала желба да возам мотор. Што ми текна пред 2 години, седевме во двор, мај месец беше, и ми текна ај да го пробам моторот и свртевме еден круг, ме повозе и видов дека тоа е за мене.”

-За еден месец од идеја до реализација, на 30 јуни веќе имав положено, земено дозвола и купено мотор. Претходно немав ни скутер возено. Пресудно е што имам 20 години возачка Б категорија. Јас со 16 очи отворени возам и тука кај нас во Скопје знаеме колку возат.

Имам Хонда ЦБР600, тоа е голем мотор, мислам дека супер ми легна. Важно е да имате висина, стабилност. И сопругот и татко ми ме разубедуваа скутер да земам, меѓутоа викам или мотор ќе возам или нема да возам, изјави Андријана за Репортер.мк.

Андријана летово си го вози моторот, кој секако е многу пофлексибилен од кола, во гужвите на пат, па зошто да не вози мотор.

Андријана се сликаше со моторот пред куќа, а тоа дека навистина и личи, нема збор. Во коментари и пишуваа:

,,Браво Андријана секоја чест”, ,,Ама добро ти стои”, ,,Супер ѕвезда”

Previous articleДраган Босанац ja покажа сопругата Дуња: Еве што кажа за нeа, и по кој повод ја изнесе во јавност
Next articleКалиопи и посвети емотивна честитка на Олгица Христовска, која ја испеа ,,Свирете ја зајди, зајди”