Home Live Најнеобичен статус на Коки Јанков досега, додека сите се фалат со слики...

Најнеобичен статус на Коки Јанков досега, додека сите се фалат со слики од плажа, тој кажа каде ќе го помине ова лето

На 23 септември ќе се навршат точно 9 години откако се упокои Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо Дуле и Коки.

Тој 23 септември во 2013 година, луѓето беа во ш ок кога медиумите објавија дека не напушти фронтменот од дуото виолина и гитара.

Дуле беше омилен кај колегите, пријателите, кај народот. Ако популарноста се мери по посетеноста на настапите на Дуле и Коки, тој беше ѕвезда, но остана скромното момче од Штип, неговиот град, во кој заедно со Коки на „Макфест“ во 1996, победија со песната „Виолина и гитара.“

Виолинистот Никола Јанков- Коки, за Женски магазин се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години во добро и во лошо.

„ Многу претстави и филмови поминале пред моите очи и во мојата душа, во овој живот. Жанрот бил различен. Од комедија, до хо рор, до љубовна драма.

По 20 и повеќе години заедно, по можеби околу 250 настапи во годината во просек, што човек може да каже во една реченица? Ништо, а можеби и многу.

Дали дуото Дуле и Коки постои? Јас би рекол ДА. Затоа што сѐ уште слушам во публиката како луѓето извикуваат: „Марама“, ако може“, „Виолина и гитара“, „Колку треба да се плати“. Ги бараат.

Е, некој треба да ги испее тие песни по настапи. Тоа сум јас, заедно со таа публика“, раскажа Коки. Виолинистот вели дека му тешко во тие моменти, но песните треба да живеат, поради Дуле.

„ Така се паднало викаат“, додава Коки. Така се падна и тој 23 септември Дуле да замине. Дали замина? Јас кажувам не. Преголемо е задолжувањето што морам да продолжам да го носам на грб.

Заради Дуле,заради другарите, родителите, браќата, сестрите, композиторите, вас новинарите, песните, крштевките, славите, свадбите, журките. И не смее и не треба ова да застане.

Доаѓаат нови генераци, нови клинци, и ми се има случено повеќе пати во разговор со нив да разберам дека на нивните собиранки по дома слушаат песни од Дуле и Коки. Дали знаете како се чуствувам? Е, тоа ниту се купува, ниту се продава, ниту може да се изглуми.“

Коки не сака да зборува за последниот период пред да почине Дуле. Вели дека веќе не е важно зошто во еден период престанаа да соработуваат. Поважно за него е што во срцето ги чува сите спомени, од детските лудории до моментот кога заедно бркале женски.

Коки не сака да зборува за последниот период пред да се упокои Дуле. Вели дека веќе не е важно зошто во еден период престанаа да соработуваат. Поважно за него е што во срцето ги чува сите спомени, од детските лудории до моментот кога заедно бркале женски.

„ Нема ден да помине а да не помислам на лудориите и глупостите што сме ги правеле со Дуле, уште од деца, во Пионерскиот дом, па во извидници. Ееј, колку пати логорскиот оган ќе изгаснеше, а ние околу него, не застанувавме да свириме со гитарата и со виолината до сабајле, ама знаевме дека ќе ќариме и по некоја женска.

Дуле го сакаа повеќе од мене, тој беше пејачот, нема лутиш. Во средно школо, почнаа првите сериозни свирки по Штип. Се знаеше, едно: „Добро вечер“, беше доволно да каже Дуле, и вечерта веќе беше успешна и настапот беше за паметење“, кажал Коки во Женски магазин.

Дуле на 29 мај требаше да наполни 48 години. Пејачот кој е роден во 1974 година овој свет го напушти во 2013 година, на 39 години. По повод денот кога е роден, неговито другар, Коки Јанков на Фејсбук стави ниовна слика.

Коки кратко и емотивнои напиша за Дуле: Имаше една бан да опасна.. А во коментарите пријателите жалат што Дуле не е меѓу нив на својот роденден.

Коки на својот Фејсбук профил често објавува необични статуси кои се забавни и оригинални за неговите следачи. „Ноу фото. Сори и извинете, не одам никаде на одмор“, напишал Коки на Фејсбук.

Некои пријатели на ова му коментирале да си седи дома, зашто дома е најубаво, а некои му напишале: Не ти веруваме!

Previous articleТрајче и Кате од „Соната“, никогаш посреќни – по сите препреки, ова е таjната на нивната среќа
Next articleОткако стана баџанак со синот на Мијалков, актерот Атанас се упати на ова место, сите му честитаат