Home Live Нина Деан отворено прозборе за детството и за својот очув, Кирил Поп-...

Нина Деан отворено прозборе за детството и за својот очув, Кирил Поп- Христов Кили кој го сака како татко

Познатата кореографка Гордана Деан Поп-Христова, во неполна година вторпат стана баба. Нејзината помлада ќерка од бракот со актерот Кирил Поп Христов се породи во јуни во 2019 година.

Јоана со сопругот Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор.

Потоа, во април во 2020 година, се породи нејзината ќерка, познатата актерка Нина Деан која живее во Скопје.

-Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи“, напиша Гордана, која поради пандемијата се уште го нема видено својот помал внук кој во април наполни две години.

Нина во една прилика во Женски магазин раскажа што значи името Каи:

„Каи значи повеќе нешта на повеќе јазици. На хавајски значи океан, на кинески има повеќе значења, а најмногу означува победа, на турски значи силен. Универзално име е, во некои земји е и женско.

Инаку таа повеќе од три години се нема видено со мајка и. На 20 април во 2020 година требало Гордана да дојде овде и да и помага околу грижата за бебето, вирусот им ги расипал плановите. Нина Деан доби понуда за брак во карантин, и кажа „да“ во осмиот месец од бременоста.

Познатата глумица за порталот Мајка и дете зборуваше за своето мајчинско искуство и за тоа како живеат нејзината мајка, очувот кој го сака као татко и сестра ѝ во Еквадор. Таа ја раскажа и целата историја на нејзината љубов со Мартин.

-Мартин ми беше прва љубов од 8 одделение и прва средно, си бевме прва сериозна врска еден на друг, но откако се разделивме, освен еднаш, и тоа одамна, на почетокот од факултет, се немавме видено 15 години.

Како да не живеевме во ист град, јас свој живот, он свој, во сосема друга бранша (Мартин работи статика на згради), но откако се сретнавме повторно, се погоди да се најдеме во вистински момент, брзо си се вклопивме во животите еден на друг“, рече таа.

Во интервју за Елементал, Нина отворено зборувала за своето детство, но и за својот очув, Кирил Поп Христов, за кој во една прилика има кажано дека ја сака как да и е татко.

-Од денешна перспектива имав прилично невообичаено детство. Детство полно разделби, збогувања и промени, детство полно смеа, радости и уметност.

Кога имав пет години со мајка ми се преселивме од Нови Сад во Скопје. Сменив неколку населби, училишта, школски и маалски другарчиња.

Често патував до Нови Сад и распустите ги поминував таму. Иако не беа заедно, мајка ми и татко ми заемно се почитуваа, а со тоа помогнаа целата ситуација да биде полесна за мене.

Нивниот развод почнав да го сфаќам како позитивна работа која има предности – славев дупли празници и родендени, два пати одев на одмор и имав две семејства, а тоа е богатство.

Брзо пораснав и знаев многу за мои години. Бев љубопитна и упорна, самостојна и снаодлива.

Мојот очув е актер, а мајка ми балерина, па дома имаше многу музика, дискусии за книги, филм и театар, дружба со разни луѓе од секакви бранши. Беше весело и опуштено.

Во друштво и во школо сакав да припаѓам, но се чувствував како аутсајдер. Можеби затоа во пубертетските години, иако бев одлична ученичка, станав бељаџијка.

Таа криза на идентитетот ми траеше сè додека не се запишав на ФДУ. Тогаш си ја најдов смислата, но не бев веднаш свесна дека е така.

Цела прва година се преиспитував, мислите ми кажуваа едно, а чувствата друго-мислев дека не сум доволно добра, а сепак чувствував дека таму припаѓам. И така, секоја година ’се повеќе и повеќе се отворав, станував посигурна и похрабра. Присуствував на сите часови, уживав во факултетските денови и години.

Сето ова, доброто и лошото, тажното и среќното, сите овие искуства направиле да сум јас-јас и благодарна сум за тоа“, изјавила Нина Деан.

Previous articleЕ, ова се баба и зет: Мајката на Маријана и Росана го чува и сака Трупче како да ѝ роден син
Next articleНора Шаќири се изјасни за Жан Митрев: Ќе отвори уста, па ќе се одмота сè – веднаш да постапат надлежните