Home Live Откако стана баџанак со синот на Мијалков, актерот Атанас се упати на...

Откако стана баџанак со синот на Мијалков, актерот Атанас се упати на ова место, сите му честитаат

Динамиката и оригиналниот пристап на младиот и неверојатно талентиран актер Атанас Атанасовски, кој е дел од актерскиот ансамбл на Театарот Комедија кријат една мала тајна“, објави во една прилика Фешнел.

Доколку за миг помисливте дека тоа е дел од специјалитетите кои се приготвуваат во кујната на Фроги во „Хамлет во пикантен сос“, се лажете. Не мора овој пат да бирате помеѓу крвав бифтек и чоколадна торта.

Без разлика дали ги носи чевлите на Селпин, Гоце, Иван Кузмич Поткаљосин, Итар Пејо, Хамлет, Бернард, Ернест или Бенедикт, тој секогаш знае како да продре длабоко во сржта на ликот бидејќи негова инспирација е легендарниот Џим Кери.

Обожава да зборува со фудбалска терминологија, има просечна висина за кошаркар – плејмејкер, шармантен, насмеан, позитивен, одличен актер.

– Тоа дека како помал сум бил малку приглупо дете и ми направиле какво име такво и презиме за да не се бунам во градинка кога ќе ме прашал некој како се викам. Атанас..совски така ми било полесно и затоа сум Атанас Атанасовски. Ама добро звучи нели?

А обратно кога ќе го ставиш уште подобро: Атанасовски Атанас. Некако така мене ми е интересно. Се шегувам, Атанас е момче од Скопје, кој се бави со глума и е актер, не сум актер, глумец сум, работам во Театар Комедија и тоа е.

Висок сум метро осумдесет и седум – просечна висина, добра за кошаркар, за плеј мејкер. Завршив Академија за драмски уметности – дипломиран актер, средно хемиско – гимназиски смер“, рекол тој во Фешнел.

Атанас, веќе две ипол години ипол ужива и во улогата на татко, откако се роди синот Павле. Тој е во брак со Александра, со која претходно беа подолго време во љубовна врска. Иако ретко зборува за приватниот живот, сепак сподели по нешто интересно во интервјуто во “Репортер“.

-Секој ден учам нешто ново. Еве денес научив дека фразата ,,тата тата” може да значи многу работи како: сакам вода, дај ми ја играчката, земи ме во раце, сакам да спијам, смени ми пелена. Разликата е во поттекстот.

Како работник во фабрика со саатница и смени, такво ни е уредувањето. Денес ако си прва смена, утре си трета. Некогаш има и паузи измеѓу по неколку часа.

Со Александра бевме во врска неколку години и еден ден измеѓу две мои проби пред да почнам со претстава, отидовме до матично, се потпишавме и си продолживме со секојдневието.

Во септември минатата година Атанас стана татко по втор пат и тоа на ќерка која се вика Ена, а познати личности, негови пријатели се пофалија на Инстаграм. Меѓу нив се Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, но и Тино Костадиновски.

Иако приватниот живот на Мијалкови е далеку скриен од јавноста, а оваа вест ги израдува домашните, особено дедо Сашо Мијалков кој набрзо ќе го добие првото внуче.

Неодамна, на големиот празник Павловден, постариот син на Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.

Имено Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.

Фотографии од свадбата имаше на профилот на свекрвата Александра Мијалкова, која остана верна на својот препознатлив стил и блесна во елегантен црн коктел фустан, пишува Женски Магазин.

Како што може да видиме, младата избраничка на синот Јордан изгледа прекрасно. Таа носеше краток бел фустан, изгледаше многу елегантно, а можеше да се види и трудничкото стомаче.

Анастасија Бела, новата снаа на Мијалкови, е косопственик на концептуалната продавница „URMA“, заедно со нејзината сестра Александра Бела која е сопруга на актерот Атанас Атанасовски, објави Вечер, што значи дека актерот Атанас и синот на Сашо Мијалков станале баџанаци.

Сестрата на невестата, Александра беше облечена во црвена креација, која изненади многумина со својот фантастичен и несекојдневен изглед.

Атанас, откако заврши свадбата на неговата балдска и неговиот нов баџанак, замина за Хрватска. Имено, тој беше таму како дел од екипата на филмот „Носила је рубац чрлени“ во градот Пула.

Атанас објавил слики на Фејсбук, на црвениот тепих, на филмскиот фестивал во Пула каде што овој филм ја имал својата премиера, а Атанас глуми во него. Сите пријатели на Фејсбук му честитаа на успехот на нашиот познат актер.

Previous articleНајнеобичен статус на Коки Јанков досега, додека сите се фалат со слики од плажа, тој кажа каде ќе го помине ова лето
Next articleТони Зен: Многу ме промени татковството, си бара дисциплина, што сум ја немал претходно, а кај мајката е вродено