Home Live Пејачот Дарио има за частење – убавите вести ги објави на Фејс...

Пејачот Дарио има за частење – убавите вести ги објави на Фејс со слики од својата ќерка како невеста

Во една прилика, познатиот пејач и автор Дарио за „Женски магазин“ ја раскажа љубовна приказна која датира од времето кога девојките се „ќарувале“ во диско. „Во тоа време јас бев ѕвезда во подем, шатиран фраер, ништо не можеше да ме запре.

Ме познаваа сите девојки во градот, но јас ја сакав Бојана, затоа што таа немаше поим дека сум музичар и не ме есапеше.

Ми беше многу тешко да ја освојам“, раскажа Дарио за Бојана која во осумдесетите дошла од Врање, да студира во Скопје. Бојана е инаку родена во српскиот град Ниш.

Можам слободно да кажам дека стројник ни е легендарниот водител и диџеј Драган Б. Костиќ. Тогаш се искачаше кај него, во диско „Турист“, а Драган, кој е мој близок пријател ме запозна со Бојана.

Како диџеј, пушташе сентиши кои девојките ги сакаа, а Бојана најмногу ја сакаше „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) од Блек.

Костиќ ја пушти една вечер, специјално со неа. И ете, Бојана си доби прекрасен живот со мене, а јас со неа многу повеќе од тоа“, раскажал Дарио кој со Бојана има две деца, Андреа и Бруно.

Дарио гостуваше во емисијата Еден на Еден со Жаре и таму раскажа како се видел со Здравко Чолиќ и како кога сакал да се запознае со него, Здравко му рекол: Ма, дај другар се знаеме. Го знам јас она: Мајко моја роди ме…

Мене Здравко Чолиќ тоа да ми го каже, шти ми бил најголм идол. сум имал цела соба негои постери. Тоа докажува дека колку си поголема ѕвезда толку си поедноставен“, раскажал Дарио.

Дарио изгледа е лут на Министерството за култура кои не му одобрило средства за проект, па во емисијата го споменал и тоа:

-Тоа беше лани, минатата година, и си реков таман пред Нова година ќе попуштат меркиве, ќе можеме да направиме еден убав, голем концерт. Јас кога одбележувам такво нешто, сакам да биде на ниво.

Со снегови, ветрови, магли, играчици. Како секој воспитан човек ќе си одам по редовен пат, ќе одам во Министрество за култура, тоа министерство за култура ќе испочитува една кариера од 40 години…

Најнормално конкурирав, поднесов докумети, чекав пола саат да поднесам документи… На крај, конечно кога добив известување, излезе дека министерството за култура ми излезе во пресрет со една десетина од бараните средства.

Страшно ме разочара тоа, им напишав еден меил во министерство за некултура, ги направив лом, им реков дека не ми треба ништо, им ги одбив средствата.

И им реков да си ги стават таму кај што мислам дека треба да се стават парите, у фиока, и да си искористат за што сакаат“, рекол Дарио.

Панковски од неодамна има новата песна со наслов „Какви се ова времиња“ и во интервју за Женски магазин тој рече дека со самото тоа кажува многу и во ова интревју тој опширно раскажал како живееме сега:

– Ова е една моја уметничка експресија и мое видување на времето во кое денес живееме, ако може да се нарече живеење ова што ни се случува години наназад.

Дарио сега има голема причина за среќа. Тој стана дедо, имено се омажи неговата ќерка Андреа. На Фејсбук страницата на Дарио се објавени слики од венчавката на Андреа, која се одржала покрак охридското езеро.

My girl, напишал Дарио до сликите од својава убава ќерка која изгледа навистина спектакуларно со својот сакан сликана кај црквата Свети Јован Канео. До сликите кои се објавени на Инстаграм профилот на фотографот Мики Трајковски Манца пишува дека избраникот на Андреа се вика Тео.

Дарио, кој практикува да не го експонира приватниот живот, за Женски магазин изјавил дека церемонијата се одржала на вода и била преубава.

„Посебна е врската помеѓу татко и ќерка. Така е и со нас. Од мала е моја слабост. Таа е „My girl” – открил тој.

Previous articleПорасна синот на Татјана и Новица и прослави роденден, и двата сина се копија на татко им
Next articleЕлена од „Живот со стил“ прво го криеше Бојан од јавноста, а сега направи нешто убаво за него- ова е нивната вистинска љубовна приказна