Home Live Порасна синот на Татјана и Новица и прослави роденден, и двата сина...

Порасна синот на Татјана и Новица и прослави роденден, и двата сина се копија на татко им

Во овој период, Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна, а Татјана Лазаревска често објавува лајф видеа како настапува.

Неодамна, Татјана Лазаревска и Новица Василевски, се дружеле со нашиот познат музичар, а станува збор за Дарко Мијалковски.

Дарко неодамна од Скопје со своето семејство се пресели во Австралија, во Бризбејн, а до заедничката слика со него и со Новица Татјана има напишано:

„Прекрасна средба со прелрасен човек и уметник, Дарко Мијалковски. П.С. Скопска шема.

Од празникот Водици во 2015 година, фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски живеат во Мелбурн, во Австралија.

Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.

– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна“, има има изјавено Таткана Лазаревска во една прилика, нашата позмата фолк пејачка.

Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа.

Татјана на Фејсбук објави слики од својот помал син Стефан, кој наполни 15 години. Во домашна, семејна атмосфера, Татјана објави слики од моментот кога Стефан ги дувнал свеќичките на тортата.

На сликите се и двата сина, Стефан и Петар, и очигледно е дека и двајцата личат на татко им Новица. Среќното семејство од Мелбурн често споделува убави моменти, а ова е еден од нив.

Previous articleЗа малку ќе частеше мекици во Македонија, Петар Грашо пееше на ова место неколку часа пред да се породи Хана, не беше дома кога ја однесоа во болница
Next articleПејачот Дарио има за частење – убавите вести ги објави на Фејс со слики од својата ќерка како невеста