Home Live Шест месеци без маестро Џамбазов, оваа досега непозната приказна за својот татко,...

Шест месеци без маестро Џамбазов, оваа досега непозната приказна за својот татко, емотивно ја раскажа Игор

Александар Џамбазов е роден село Стапар, Војводина. Тој беше македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио-телевизија, како диригент на танцовиот и ревискиот оркестар.

Џамбазов е втемелувач на македонската детска и популарна музика со голем број на изведени, снимени и печатени и наградени дела во земјата и странство, истакнат општествен деец во целокупната музичка култура, за што е добитник над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија.

Добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др.

Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на најпознатиот, најафирмиран и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа „Златно славејче“.

Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр.

Во неговиот богат творечки и интерпретавен опус се обединети сите негови животни и креативни настојувања на взаемно преточување на „сериозниот” и „популарниот” жанр врз кои базира целото негово творештво што опфаќа оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, песни за деца, музика за филм и за театарски претстави.

Македонскиот диригент и композитор, Александар Џамбазов татко на нашиот најпознат шоумен, текстописец, и актер Игор Џамбазов и на Тања Џамбазов која е архитект и живее во САД, на 3 февруари минатата година, го прослави својот 85 роденден.

Игор, на својот официјален Инстаграм профил сподели фотографија од неговиот татко со честитка под објавата која гласи: „Среќна 85-ка, маестро мој …“

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број награди. Маестро Џамбазов го напушти овој свет на 25 јануари, на денот кога е роден Тоше Проески.

На 25 јули, ќе се навршат шест месеци од неговото заминување во вечноста.

-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, напиша Игор Џамбазов ја Инстаграм за својот татко.

Игор Џамбазов објави црно-бела слика од неговите родители, Александар и Анче Џамбазови од нивната венчавка, и напиша: „За некои луѓе, смр тта е само ваучер за во вечноста…„

За жал, маестро Џамбазов не го дочека својот 86. роденден.

На 3 февруари, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. По тој повод, Игор Џамбазов од Дојран, рано утрото, ја испеа неговата песна „Довидување“, која му ја посвети на својот татко.

– Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени… Довидување, маестро мој…“, напиша Џамбазов до ова видео.

Кога наполни 85 години, Џамбазов раскажа приказна за ММС, а од таму го прашаа како го слави роденденот, а тоа беше во времето на пандемијата.

– А, како славам. Па јас сум зат вор- еник, не излегувам од дома или тоа е многу ретко. А, што ќе славам. Мојот живот без Анче е тр агикомедија. Јас сум медицински феномен.

Имам шеќер 25 години и за овие години на контрола не сум отишол. Не сум бил на контрола 24 години, а 22 години не сум го мерел шеќерот“, изјавил лани за ММС композиторот.

Ме држи љубовта кон Игор и Тања. Тоа ме одржа во живот. Инаку, без Анче немаше да преживеам“, изјави Александар Џамбазов.

Тој додал дека пие по една чаша црно вино за ручек и за вечера и дека излегува до пазар еднаш во две недели.

Игор во една прилика раскажа прикзна за неговиот татко, маестро Александар Џамбазов во времето кога тој бил во војска, во ЈНА, далечната 1981 година.

-1981 бев во војска. У Београду. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета “из Македоније”, прашав “кој”? А дежурниот на капијата ми рече: “Како ко, па дошо ти брат.” Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка.

И кога конечно стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас јакна и очила “ленонки”. А дежурниот ми вика: “Брат ти је закон. А како личите, је.о вас пас”. И денес сфаќам да је био у праву…

„Таа беше обожувана и од жените и од мажите, што е вистинска реткост. Старите скопјани велат дека била една од најубавите жени после земј-отресот. И секако уште како 16-годишна ќерка на Петре, се возела низ Скопје на веспа, половина скопјани биле заљубени во неа.

Но, ете срцето ѝ го освоил еден, пто би рекол дедо ми Петре, музикант. И кога сакавме да го изнервираме татко ми, мајка ми, јас и дедо ми, јас секогаш, давав изјави по разно- разни интервјуа, дека по дедо ми го имам талентот за глума, а по мајка ми го има талентот за музика.

Татко ми секогаш се нервираше“, рече Игор Џамбазов во документарниот филм за својата мајка.

Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот ,,Гола месечина 2019″ од страна на Општина Аеродром, и беше прикажан пред две години, а во него зборуваше и Александар Џамбазов.

– Многу ми е тешко да зборувам, како свесни да дојде во ситуација, мислејќи за Игор се најдобро, бидејќи Тања отиде како многу млада низ цел свет, и целото внимание остана кон Игор“, изјави композиторот Џамбазов во овој документарец, а Игор се надоврза:

– Анче како сопруга? Само поблиските знаат дека семејството Џамбазови живееше во матријахат, а не во патријахално општество, кое беше нели, оној начин на луѓето кој беше нели за вреем на соција-лизмот.

Татко ми не беше шеф на семејството, тој беше член на семејството. А шеф, директор и началник на семјството беше госпоѓа, или во тоа време, другарка Анче“, додаде Игор.

Previous articleЖена му на Дамјан, синот на Војо Стојаноски не е љубоморна, пејачот си ужива во друштво на вакви расни убавици
Next articleЕ, ова се баба и зет: Мајката на Маријана и Росана го чува и сака Трупче како да ѝ роден син