Home Live Жена му на Дамјан, синот на Војо Стојаноски не е љубоморна, пејачот...

Жена му на Дамјан, синот на Војо Стојаноски не е љубоморна, пејачот си ужива во друштво на вакви расни убавици

Синот на легендата на нашата народна песна Војо стојаноски, неговиот син Дамјан Стојаноски, е познат пејач и инструменталист, тој е сестран музичар.

Дамјан гледачите често го гледаат во емисијата “Мерак меана“ на Сител каде што мераклиски ги пее своите песни, но и македонските народни.

Во емисијата „Магазин“, Дамјан зборуваше за своите песни, за својата кариера и за својот татко.

„Имам среќа што јас можам да живеам од музика и на сите мои колеги би им порачал да не се откажуваат ниту во ова време“, порача Дамјан.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.

Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци.

-Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.

Тој многу сака да го поминува времето во неговото село, Букојчани, Кичевско.

Објасни дека младите од негвоиот крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него.

Исто така, во родниот крај, многу го релаксираат прошетките во природа.

Во август во 2020 година, Дамјан стана татко на Војдан. „Сакал не сакал, тој ќе расте со музика и ќе слуша музика.

А дали ќе тргне по моите стапки, рано е да се каже. Би сакал повеќе да стане свирач, за да може да ме придружува“, рече тој.

Тој зборуваше и за својата сопруга Елена Билеска, која е исто така од кичевскиот крај.

„Таа не можеше да ме придружува на настапите и на фестивалите, синот ни е уште мал, но се надевам дека во иднина ќе може“, рече Дамјан за сопругата.

Елена и Дамјан, граѓанскиот брак го склучија во Кичево, во февруари во 2020 година во присуство на најтесното семејство.

Десетина дена пред тоа Дамјан и мајка му Евица Камберова Стојановска заминале кај Елена за да се запознаат семејствата и тогаш официјално ја запросил и го дал свршеничкиот прстен“, напиша порталот ММС.мк тогаш.

-Го направивме само граѓанскиот брак и се уште не сме одлучиле кога ќе биде свадбата и венчавањето в црква. Заедно сме неполна година иако се познаваме и се бендисувавме уште пред тоа“, изјави Дамјан за ММС.

Дамјан изгледа дека нема љубоморна жена. Таа сосема ја разбира неговата професија, и тоа што нашиот пејач секогаш е опкружен со убави жени. Тие убави жени се некогаш во публиката, а некогаш се негови колешки.

Таков е случајот со згодната Сања Ристеска, која е наша позната фолк-пејачка. Македонската фолкерка често ја споделува својата телесна убавина.

Минатата година како и 2020 година која беа полни со карантини, протоколи, забрани… немаше, па затоа русокосата убавица и тоа како имаше што да покаже.

Најдоброто од себе кога е во прашање телесниот раскош, атрактивната прилепчанка секако го покажа на плажа, па го сподели на социјалните мрежи“, објави Вистина.мк минатата година за Сања.

Ра сна, стројна, бујна, во снагата и телесните атрибути и однапред и особено одзади, Сања „од папучи ги извади“ нејзините следбеници на социјалните мрежи со споделените бикини летни фотографии.

Сега, Сања се сликала токму со Дамјан, а двајцата колеги се заедно на свадба, а сликата ја објавила токму таа.

На Дамјан му личи да е во друштво на волку убави жени, но секако најважна му е онаа што го чека дома.

Previous articleЕлена од „Живот со стил“ прво го криеше Бојан од јавноста, а сега направи нешто убаво за него- ова е нивната вистинска љубовна приказна
Next articleШест месеци без маестро Џамбазов, оваа досега непозната приказна за својот татко, емотивно ја раскажа Игор