Home Live Андријана од „Ѕвездите на Гранд“ конечно прозборе за љубовта и откри дали...

Андријана од „Ѕвездите на Гранд“ конечно прозборе за љубовта и откри дали има дечко

Атрактивната пејачка Андријана Петрушовска по своето учество на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што стаса до самото финале е доста ангажирана на настапи низ домашните локали.

Андријана на секое појавување во студиото на „Гранд“ во Белград ги изненадуваше жирито и публиката со своите смели и провокативни креации“, објави Женски магазин.

Петрушовска го открила својот талент за музика уште како мало девојче и оттогаш сонувала еден ден да стане пејачка.

„Открив дека можам да пеам уште кога бев во основно училиште, потоа отидов во хорот и имав наставничка која многу ме сакаше.

Таа откри дека можам да пеам дури и ако одам во музичко училиште. Тогаш ја завршив средно музичко, а сега учам соло пеење, убаво е што никој од моето семејство не пее“, изјави неодамна Петрушовска.

Петрушовска за финалето избра долг црвен фустан со длабок шлиц, а можеше да се забележи дека под него не носи долна облека, што предизвика многу коментари.

Но, по натпреварот, се огласи и згодната Андријана на својот Инстаграм профил стави неколку интересни сториња.

Прво, се сликаше со Нермин и го нарече ,,бејби”. Потоа се сликаше со згодната Сања Кужет и кажа дека ја сака.

А сторито кое најмногу привлече внимание е она со Цеца, каде што Андријана ѝ е седната во скутот.

Таа во првиот круг се претстави со песните „Не дам на тебе“ и „Ти можеш се“ и освои вкупно четири гласа.

Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Ана Бекута и Цеца Ражнатовиќ го потврдија својот глас и сакаа да бидат на ментор на Македонката.

Иако кога само кандидатот има шест гласа, може да бира кој ќе биде ментор, Саша Поповиќ овој пат направи исклучок и дозволи на Петрушовска сама да бира, а таа го одбра Ѓорѓе Давид.

Додека Андријана се подготвуваше за вториот круг во музичкото шоу, таа имаше и убав повод за славење.

Имено, атрактивната македонска славеше роденден. Таа позираше покрај роденденска торта и букет со рози. За оваа прилика Андријана одбра фустан во сина боја кој одлично ја истакнуваше нејзината фигура и нејзиното заносно, згодно тело. Со отворено мало деколте и разголени нозе, скопјанката изгледа како вистинска риба.

„Ѕвездата на Гранд“ позираше во клекната поза во краткото фустанче, а во фокусот ,,паднаа” нејзините разголени нозе.

Во текот на целото натпреварување се трудев да покажам професионалност како во пеењето така и со физичкиот изглед. Секоја креација која ја носев беше моја замисла и на мојот ментор.

Соработував со многу добар тим на професионални дизајнери кои ја реализираа секоја моја замисла. Сè што носев на себе беше прифатливо за сцена и за оваа професија и нормално дека имав самодоверба.

Перфекционист сум кога станува збор за физичкиот изглед, а по мој вкус сèбеше изработено перфектно!“, изјави таа за Женски магазин, а потоа раскажа за тоа дали има дечко.

-Среќна сум и благодарна за сè што имам. За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета. Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам“.

Previous articleВнуката и песната ја одржа во живот, откако ги загуби најмилите: Оваа наша пејачка сега изгледа одлично и пак се смее и покрај сета тага која ја доживеа
Next articleМилена облече фустанче со шлиц и откри која е нејзината најисплатлива инвестиција