Home Live Аца Лукас проговори за бившата жена: Понекогаш размислувам колку би било убаво...

Аца Лукас проговори за бившата жена: Понекогаш размислувам колку би било убаво повторно да бидеме заедно, размислува и таа, но никогаш не доаѓа до тоа

Неодамна пејачот Аца Лукас изјави дека никогаш во својот живот немал љубовници додека бил во брак, а тие што тоа го прават ги нарече клошари.

Пејачот смета дека тоа е многу недолично однесување, а кога некој сака да ,,шара” низ град подобро да се разведе и да си прави што сака додека е слободен.

– Јас сум човек кој нема љубовници. Кога бев во брак, немав љубовница. Љубовница значи љубов. Познавам неколку мажи што имаат љубовници и им кажав, имаат жена од 30 години, три деца, а на љубовниците им купуваат станови.

Тогаш љубовницата знае за жената, а жената за љубовницата. Проблемот е во него, не знае каде да оди. Знаете како завршува – рече Аца.

-Кога сакам, сакам само една жена и тоа само со неа. Можам да ја изневерам физички кога љубовта е под одредено ниво, но кога сакаш жена не ја изневеруваш.

Да имаш жена дома, а љубовница да носиш низ град за љубов е клошар и не е маж. Сега сум слободен и можам да правам што сакам.

Не можам да разберам дека дома имам животна сопатничка, а надвор љубовница – изјавил пејачот за „Курир“.

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ официјално се разведоа во 2019 година, иако многу порано се разделија, а за нивната врска често се зборуваше во јавноста, а самиот фолкер во својата книга „Ова сум јас“.

Соња Вуксановиќ има 46 години и очигледно е дека се грижи и за својот изглед.

Соња Вуксановиќ беше во брак со пејачот Жељко Шашиќ со кој ја има ќерката Софија, а по разводот се омажи за пејачот Аца Лукас и ја роди ќерката Викторија. Сепак, ниту нивната љубов не траеше долго, па следеше развод.

Соња има 46 години и очигледно е дека се грижи и за својот изглед, бидејќи изгледа многу помладо отколку што кажуваат нејзините години.

Аца Лукас леташе на одмор со поранешната сопруга Соња од која се разведе пред пет години. Пејачот и креаторката решија заедничкиот одмор да го поминат во Турција.

Аца за Информер вели дека се согласил да лета со бившата само поради нивната ќерка Викторија и дека двајцата не спијат во ист кревет!

– Јас и Соња одиме на море пет-шест дена поради нашето дете. Заедно летото го поминувавме и претходните години. Но јас спијам во еден, а тие двете во друг стан.

Соња и јас немаме односи! Понекогаш размислувам колку би било убаво повторно да бидеме заедно, размислува и таа, но никогаш не доаѓа до тоа… – вели Лукас и додава дека интимниот чин никогаш не се случува бидејќи постојано се караат:

– Во тие неколку дена јас и Соња се караме сто пати! Незгодни сме кога го допираме минатото. Повторно и повторно ми фрла некои работи, но јас се трудам да не ја слушам. На почетокот ми беше чудно да одиме заедно на одмор, но сега сум океј со тоа.

Иако е навикнат да лета со Соња, луѓето околу него не можат да веруваат дека тие двајца функционираат на тој начин. Пејачот вели дека не му е баш гајле што зборуваат луѓето за нив.

– Не сакам никому ништо да објаснувам. Секој нека си толкува на свој начин. Имам одличен однос со Соња, но не одам на заеднички патувања поради неа, туку поради нашата ќерка.

Ја сакам Викторија најмногу на светот и ќе направам се’ за неа. Ме исполнува срцето кога гледам колку е среќна и весела кога сме заедно.

Колку го сака своето дете покажува и тоа што е почесто со него отколку со Соња, која инаку го доби старателството над нивната ќерка:

– Не се борев за старателство, бидејќи верувам дека детето треба да живее со мајката. Но, мојата љубов кон Викторија е толку голема што таа може да избере кого сака, а повеќе време поминува со мене отколку со нејзината мајка.

Во работните денови е со мене, а за викенд оди кај Соња. Таа е многу интелигентна. Кога ќе види дека јас и Соња не сме во добри односи или дека нешто не и е по волја на нејзината мајка, не ми дозволува да влезам кај нив дома.

Кога ќе ја доведам кај мајка и, таа ми вели: „Не влегувај тато, јас одам сама“. Тоа го прави само за да не се сретнеме двајцата и да не испадне хаос.

Previous articleСофија Куноска со предлог како да заштедиме на греење следната зима
Next articleОва никој не го очекуваше пред настапот во Струмица – клубот Аватар ги разочара фановите на Цеца