Home News Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО: Да, Апасиев може да биде лидер на...

Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО: Да, Апасиев може да биде лидер на опозицијата – но има еден услов за тоа

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, полека но сигурно го гради својот имиџ меѓу македонското гласачко тело.

Многумина го обвинуваат дека тој е само еден во низата евтини популисти, но тој не се грижи многу за таквите коментари, туку продолжува со својата агенда, која најчесто ја промовира на социјалните мрежи и добива широка поддршка од народот.

Димитар Апасиев, по последните парламентарни избори, кога како партија освоија два пратеника, за следните парламентарни избори најави десет пратенци и полека да се стигне до момент на освојување на власта.

Тој пледира на „Пасокизација“ во Македонија, односно превземање на местото на СДСМ на политичката сцена, но јавноста е сведок, дека сè повеќе симпатии привлекува и од десницата, што е своевиден парадокс на македонската политичка сцена, знаејќи ги политичките погледи на Апасиев и Левица.

Денес во дебатна емисија „Клик плус“, своите ставови ги соочија пратениците од СДСМ, Мартин Костовски и од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Новинарот на ТВ 21, денес го праша pratenikot na SDSM, Martin Kostovski, за неодамнешниот инцидент со Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, кој дури се движеше накај говорницата влезе во расправија со Котстовски.

-Моето ниво како пратеник и како човек, не ми дава да влезам во конфликт со таков невротичен човек, каков што е лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Тој вели дека неговото достоинство не му дозволува да падне на такво ниво на еден невротичен човек. Но, тој сепак има високо мислење а Димитар Апасиев?

„Мислам дека во наредниот период, Апасиев ќе го преземе приматот како лидер на опозицијата во вистинската смисла на зборот.

Бидејќи, за ра разлика од Мицкоски, барем дечково има конкретни ставови позади кои не се срами да ги соопшти и презентира“, вели Костовски.

Притоа, тој додаде дека апсолутно не се согласува со него:

„Тој е еден Фејсбук мајстор за повеќе лајкови на Фејсбук“, додаде Костовски.

Пратеникот опд ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, се согласи дека Димитар Апасиев може да го превземе лидерското место во опозицијата, но за тоа, како што напомена, мора да се исполнат одредени предуслови!

-Димитар Апасиев може да го презеде лидерското место во опозицијата, но после изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт со близу обезбедено самостојно мнозинство од 60-тина пратеници.

Левица ќе биде втора партија, а СДСМ ќе биде трета партија“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во емисијата „Клик 21“.

Стојаноски додава дека не ја разбира „политичката логика да се брани ставот кој што не го поддржуваат 73% од населеието“.

-Лажни се овие квалификации дека го направиле ова за доброто на државата.

Ние можевме оваа преговарачка рамка, да излеземе со подобри опозиции, доколку успеевме да се обединиме за овие прашања и да ги прифатија нашите предлози, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Previous articleПавле Трајанов се изјасни што мисли за идејата реферeндум – која ја турка ВМРО
Next articleСе огласи поранешниот член на тимот за обезбедување на Гpуевски: Тој човек тука има мајка, дечиња – не е во ред ова да се пишува за него