Home Live Димитар искрено раскажа што најмногу му замерува Cаpа по дома и што...

Димитар искрено раскажа што најмногу му замерува Cаpа по дома и што ја нервира

Нашата пејачка и харфистка Сара Мејс и Димитар Атанасовски се еден од најинтересните парови на домашната сцена.

Пред пет години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап.

Пред неполни четири години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година.

Тогаш, Димитар и Сара направија откачена фотосесија и дадоа интересна изјава дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина, алудирајќи на промена на името на државата на крајот на септември истата година.

Сара, набрзо години откако ја роди Илина со специјален начин на исхрана ја врати старата линија.

Сара за Женски магазин раскажа како таа и Димитар се запознале и како љубовта им трае до денес, но раскажа и дали има љубомора меѓу нив.

Се запознале многу одамна, кога Димитар ѝ правел интервју за тогашната емисија „Тротоар“. А неколку години подоцна по првото нивно запознавање се сретнале повторно кога Димитар отишол на нејзин настап во локалот „Штала“.

Потоа, нивната љубов продолжила кога се снимаше поуто Танц со Ѕвездите каде што и двајцата учествувале. Сара рекла дека се сеќава на секој детаљ кога за прв пат ја бакнал Димитар.

„Секој четврток после снимање на епизода „Танц со ѕвездите”, цела екипа од Танцот одевме во кафана, во “Крчма”…. И така еден од четвртоците се случи… Излеговме надвор, набожемски ќе зборевме нешто .… “.

Сме имале по еден испад (на љубомора) до сега и двајцата, ама љубовта победи на крајот. Во нашите професии да имаш љубоморен партнер е невозможно…

Или пак ако е така, тогаш сигурно ќе страдате и двајцата“, изјавила пејачката.

Слаатката ќеркичка Илина е секогаш со Сара и со Димитар, на најмногу уживаат во природа заедно. Со нив секогаш оди и нивниот миленик.

Една убава празнична слика од Самоков објави Сара, на која е заедно со Димитар, со ќерката и со миленикот. „Само ние четворица. Не е потребен филтер“, напиша Сара.

Сега навистина, тие ќе бидат честиричлено семество, затоа што Сара е бремена и многу наскоро ќе имаат уште едно дете кое ќеја надополни нивната задедничка среќа.

Сара и Димитар неодамна објавија дека ќерката Илина ќе има братче, на интересен начин, откако од кутија извадија сини балони и така се објави полот на бебето.

Димитар гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и таму зборуваше како се подготвуваат со Сара за бебет што треба да им се роди. Зборуваше и за тао дека ќерката Илина не е љубоморна на братчето, и спие сама во својата соба.

-Подобро да ви плаче бебето на вас, во вашата соба отколку на мене, рекла ќерката на Димитар и на Сара. Димитар исто така кажа дека редовно вежба кросфит, и оди на работа откако ќе извежба.

Потоа, во емисијата се вклучи Сара која раскажа што е она што го сака кај својот сопруг. „Тој е одговорен, многу добар татко, сопруг. Она што го сакм кај енго е неговат чуста душа, што сака да помага на луѓето.

Го сакам неговиот директен хумор. Би сакала да го прашам, да направи паралела помеѓу времето во осумдесетите и во деведесетите, кога растевме без телефони и ова денешно време кога ни се достапни“.

Потоа Димитар на ова рече: Ова е наша интерна ситуација. Таа по дома секогаш ми замњруба дека сум нон стоп со телефон.

Какко што се случуваат овие работи, Француски предлог, глупости, јас последнава недела сум постојано на телефон, сакам да читам се, и Сара тоа ми го замерува“, рече Димитар.

Previous articleКонстракта супер заработува ама не сака да одмoра на море и на луксузна јахта, еве во каква колиба е таа летово
Next articleСофија Куноска со предлог како да заштедиме на греење следната зима