Home Live Едвај си го спасила животот два пати, нашата пејачка прозборе за двете...

Едвај си го спасила животот два пати, нашата пејачка прозборе за двете опасни ситуации

Пејачката Нина Јанева минатата година беше е ангажирана во емисијата Опуштео на Тони Михајловски како пејачка првата емисија, а таа му беше гостинка на Тони во првата емисија.

Нејзиниот талент беше откриен на натпреварот „Плеј, потрага по ѕвезда“ кој своевремено го организираше продукцијата „М2“. На истата сцена со неа започнаа и Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Сања Лефкова и други, и од тогаш таа е една од нашите најдобри пејачки.

Тони ја праша Нина која е нејзината примарна професија, на што таа одговори: Имам CV од некои 10-11 страни, имам повеќе работни места и повеќе правци работено во животот.

Човечки ресурси, организација на настани, протокол, маркетинг, ПР, продажба и така натака. „О, кај нас комерцијалистите премиери стануваат. Далеку ќе дотуркаш ти“, ѝ одговори Тони.

– Мене детскиот сон ми беше да бидам првата жена Претседател на Република Македонија. Не е доцна, и тоа после 40, јас имам 34 ипол“, рече Нина Јанева.

Таа додаде дека сепак би се занимавала само со музика, а потоа рече дека на нејзината ќерка Арија би ѝ дозволила да се занимава со музика, но само надвор од Македонија.

– Сите музичари кои имаат завршено Академија ќе се сложат дека она што најмногу го љубиш, и она што треба да излезе од таа љубов што ја носиш во себе према таа струка, ти се смрачува и смачува кога ќе видиш дека треба да се мачиш за да го извадиш тоа, и да пројде некако така.

Затоа што кафаните и турбо-фолкот си го направија своето. Мене ми е јасно дека ние сме нација, Балканците се нација којашто си сака таква весељачка атмосфера каде што јас како музичар не сум се пронашла да го изведувам тоа.

Сакам да слушам пејач што пее народно како пее народно. Не можам јас да пеам хеви метал или народно кога едноставно не се пронаоѓам во тоа.

Во моментот сум во некоја пауза од музиката, да се посветам на домашното. На Арија, на Александар, на моите, на неговите“, рече пејачката и раскажа кое е најчудното и најнезгодното место на кое настапувала.

– Беше тоа некоја свадба во некој ресторан скопски, и цел ден ми беше лош од сосема една приватна друга работа, и почнуваме ние, народен бенд, забавен бенд, се знае како одат народно и забавно на една свадба.

И мислам дека беше некој роднина од страна на невестата, дојде до бината, застана.

Ние свиревме некоја поп-рок песна. Почна да вика, да се дере нешто. Јас не го слушнав од музиката, и се наведнувам да го слушнам што вика, ама нервозен, напнат. „Ѓав-оли, дем-они“.

Ништо не ни беше јасно, ама кога заврши сето тоа, дојде некој и ни кажа дека е постар човек, и оваа музика за него била агр -есивна и прегласна“, раскажа Нина.

Пејачката сега открила дека сака сосема да го смени својот изглед и на тоа работи со полна пареа. Да ослабе, да ја смени бојата на косата и да направи еден куп третмани.

Нина и нејзиниот сопруг Александар од 2019 година ги живеат најсреќните мигови. Нина и Александар, кои се венчаа предминатото лето, на 19 септември ја добија ќерката Арија.

За интересното име на ќерката, Нина рече дека е музикалната верзија која победила помеѓу два избора.

„Се расплакав кога сфатив дека е моја, дека е моето најголемо достигнување во животот“, напиша Нина за ќерката кога ја роди.

Пејачката во една прилика раскажа дека токму во февруари, таа го славела својот втор роденден, и тоа на 12 февруари, иако е родена во јуни.

Исто така, Јанева за Женски магазин раскажала дека слави и трет роденден, во август кога исто така едвај останала жива.

Во август во 2014 година, таа доживеала незгода, откако кај пријателка на свадба, изгубила свест, паднала од сцената и удрила со главата во бетон.

„ На мојата блиска другарка на свадба, сакав да ѝ ја испеам „Бато“ од Калиопи, како изненадување. Се качив на сцената во ресторанот, која е висока еден ипол метар.

Песната заврши, и последно нешто на кое што се сеќавам е како губам свест и паѓам надолу од сцената. Со главата удрив во бетонот. Сега велам дека сум среќна што не било окото“, раскажала Нина.

Од силниот удар, имала повреди на целото тело и ѝ требало околу три недели повторно да застане на нозе. „Здрава ми беше само десната нога“, додава Нина.

Таа се наврати и несреќата од Банско, која се случила во 2001 година кога имала 15 години, кога биле на скијање со нејзините родители, и со татко ѝ биле на стаза како и секој ден, и тој ден кога се случил немилиот настан.

– Се погоди една многу замрзната патека. Јас се лизнав, паднав од скиите и летнав во провалија. Паѓав околу 20-30 метри надолу, и имав среќа што се закачив на една гранка. Завршив со потрес на мозокот“, рекла пејачката.

Сега, сетоа тоа е зад неа, и таа е среќна мајка и сопруга и редовно настапува низ Македонија.

Previous articleБеше голема Ју ѕвезда, а сега ја избркаа од трошната куќа зашто немала пари за кирија
Next articleСе зборува дека тој е новата љубов на Гордана Шаулиќ- многу е влијателен и моќен, а следи и веридба?