Home Live Милена облече фустанче со шлиц и откри која е нејзината најисплатлива инвестиција

Милена облече фустанче со шлиц и откри која е нејзината најисплатлива инвестиција

Водителката Милена Антовска- станковска е сега мајка на две прекрасни ќерки. Милена кога беше бремена со првата ќерка Лана Марија велеше дека ќерката е сиот нејзин свет. „Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.

-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.

Милена потоа остана бремена со второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Гордан станаа родители по вторпат.

Убавата водителка за „Слободен печат“ тогаш сподели детали за бременоста и за емоциите што ги проживуваат таа, нејзиниот сопруг Гордан и нивната ќеркичка Лана Марија.

„За една недела треба да влезам во петтиот месец од бременоста, а бебето треба да се роди во јануари. Бременоста тече во најдобар ред, сѐ е како што треба, единствено малку ми е потешко затоа што сега немам толку енергија, а веројатно тоа се должи и на топлото време“, рече Милена тогаш за „Слободен печат“.

„Не бев сигурна за второ дете, но сега сум сигурна дека е тоа најубавото нешто. Пред да го дознаеме полот на бебето, јас мислев дека ќе биде машко, а Гордан беше убеден дека ќе биде девојче. Јас се излажав овој пат“, вели среќната водителка.

-Бебето ќе се роди во јануари и ако се погоди јарец во хороскоп, како што сум јас, тешко на Гордан. Име уште не сме смислиле, сега за сега не можеме да се договориме.

За Лана се договоривме веднаш, па потоа го додавме Марија, бидејќи се роди на Голема Богородица. А за ова има време, ќе смислиме, нека е живо и здраво, тоа е најважно. Лана е превозбудена, ептен среќна е и секој ден прашува како е бебето.

Јас се чувствувам супер, се е во ред иако малку ми е потешко од првата бременост. Но, и жештините си го прават свето.

Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се’ повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи, откри Милена за ММС.

Што се однесува до првата и втората бременост, двете бремености ми беа многу поразлични. Со Лана Марија како да не бев бремена, немав никакви тегоби, буквално до последниот ден бев излезена и носев високи потпетици.

Со Јоана навистина ми беше потешко, речиси два месеца порано се повлеков од работа, затоа што имав отежната бременост, имав и некои други здравствени проблеми, итн. Но сега е сѐ во ред и се надевам дека така и ќе остане“, рекла Милена за Слободен печат.

– Кај една жена прво нешто што ми паѓа в очи е однесувањето и ставот. Воопшто не поднесувам нападни и наметливи жени. Жената треба да биде синоним за елеганција и харизма.

Кај мажите пак, прво нешто што забележувам е дали има смисла за хумор“, откри во една прилика водителката.

Милена Антовска на Василица, на свет ја донесе Јоана, нејзината втора ќерка. Водителката се породи по природен пат и овој ден за неа и сопругот Гордан Станковски е еден од најубавите во животот.

Првата ќеркичка Лана Марија, која со нетрпение го чекаше доаѓањето на свет на нејзината мала сестричка, стана дада. Ова е второ дете и втора најголема радост во семесјтвото Антовски-Станковски.

Милена сподели еден свој статус кој е од минатата година, но секако може да важи во секое време, а штом го споделила, оваа наша убава водителка се уште верува во него. На сликите, таа има фустанче со шлиц и порача:

– Не дозволувајте никој да ве земе здраво за готово! Оваа мисла во последно време често ме следи…Во моментот кога ќе се случи тоа, веќе се губиш себе, а тој или таа од другата страна зема замав и си дава сила.

Без разлика дали е за работа и во љубовта, никогаш не треба да се даваме целосно затоа што така несакајќи им даваме до знаење дека секогаш сме им на располагање и мислат дека треба да постапуваме онака како што ним им одговара.

Ниту моментите не треба да ги земаме здраво за готово затоа што може никогаш повеќе да не се повторат. Сонувајте, планирајте, реализирајте и што е најважно инвестирајте.

Инвестирајте пред се’ во себе си, во градење и растење на својата личност и што е многу важно, вложувајте во децата. Тоа е најисплатлива инвестиција која може нема да даде инстант повратен ефект, но после години ќе вроди со плод.

Го знам тоа од моите родители. Почитувајте и ценете!“, напишала Милена во објавата.

Previous articleАндријана од „Ѕвездите на Гранд“ конечно прозборе за љубовта и откри дали има дечко
Next articleБеше голема Ју ѕвезда, а сега ја избркаа од трошната куќа зашто немала пари за кирија