Home News Павле Трајанов се изјасни што мисли за идејата реферeндум – која ја...

Павле Трајанов се изјасни што мисли за идејата реферeндум – која ја турка ВМРО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го брани македонскиот идентитет со собирање 150.000 гласови за референдум, а неговиот довчерашен партнер, но и власта велат дека сето тоа е само обична фарса.

За да го одбрани, на Мицкоски му треба хируршки прецизно дефинирано прашање кое нема да задре во прашања за кои Собранието и по закон не смее да распишува референдум, пренесува 24 вести.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе почне да собира 150 илјади потписи за да поднесе иницијатива до Собранието за распишување референдум за Преговарачката рамка со ЕУ откако синоќа партијата одлучи да му даде одврзани раце на претседателот Христијан Мицкоски да ги води консултациите со експерти за дефинирање на референдумското прашање.

Тој вчера од Свети Николе, изјави дека прашањето треба да биде дефинирано помеѓу билатералниот спор со протоколот кој што е извор на проблемот, измената на Уставот и усвојувањето на преговарачката рамка.

Сето ова е фарса, вели претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во интервју за ТВ 24. Според него, лидерот на опозицијата Мицкоски и’ асистира на власта во предавствата, а пред народот се преправа дека ја штити Македонија. Референдум на државно ниво распишува Собранието но не секогаш.

Од владејачката СДСМ не отстапуваат од ставот дека партијата нема да поддржи референдум што е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со Европската Унија (ЕУ).

Ако се одржи а за да биде успешен за референдумското прашање ќе треба да гласаат мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, ако гласале повеќе од половината од запишаните во Избирачкиот список.

Од ДОМ, втората партија од владеачкиот корпус која не го поддржа францускиот предлог имаат недоумици околу референдумот за кој зборуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Нивната претседателка, Маја Морачанин вели дека не би сакала да навлегува во дискусија бидејќи ниту партијата која се залага за ваков пристап не е на јасно дали тој ќе биде за уставните измени, или за преговарачката рамка.

„Ако проблемот е преговарачката рамка, додава таа, тогаш референдумот требаше многу порано да биде спроведен, односно пред да се усвои преговарачката рамка“, вели во својата изјава за Плусинфо претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов во изјава за Плусинфо, оценува дека изјаснувањето на народот, како што тој предлагаше, ќе било изводливо ако заклучоците за францускиот предлог не беа изгласани и ако не се одржеше првата меѓувладина конференција во Брисел.

„Јас уште на самиот почеток предлагав, ако нема единствен став во Собранието, тогаш граѓаните да се изјаснат на референдум за преговарачката рамка и за целиот пакет.

Ама мојата идеја не беше да се блокира процесот по која било основа.

Целиот наш ангажман беше да се заштитат нашите основни национални обележја, да се зачува и заштити македонскиот јазик, да не се дозволи билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачката рамка.

Сега ќе спроведевме референдум и на народот ќе му поставевме едноставно прашање: „прифаќаме или отфрламе“.

Во тој случај можеби немаше да има прва меѓувладина конференција и немаше да почне скринингот. Но, сега, работите се прилично сложени и комплицирани“, вели Трајанов за Плусинфо.

Тој посочува дека се потребни пошироки консултации со домашни и со надворешни експерти за да се изгради конечен став и смета дека дека во таа насока се движи и активноста на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи тие, според Трајанов, немаат донесено децидна одлука дека ќе има референдум или како ќе гласи прашањето.

Previous articleВечерва реакција од Жан Митрев: Згрозени сме и не ни е јасно зошто не се пишува за сите успешно излекувани пациенти
Next articleБојан Стојановски, пратеник на ВМРО: Да, Апасиев може да биде лидер на опозицијата – но има еден услов за тоа