Home Live Се сомневаат во чесноста на Борче- Донирај компјутер, се појави твит во...

Се сомневаат во чесноста на Борче- Донирај компјутер, се појави твит во кој велат дека треба да се истражи како Жан Митрев

Борче Стаменов е хуман човек кој го знае цела Македонија, откако на семејствата кои се социјално загрозени им донира компјутери кои претходно го поправа, адаптира и склопува.

Во неговата иницијатива се вклучија доста луѓе, а од неодамна и фирми, кои донираат компјутери и делови од компјутери кои Борче потоа ги донира заедно со неговиот тим.

Во фирмата, Бидат информатика, каде сум вработен веќе 20 години, наши клиенти често пати оставаа стари компјутери после нивна замена со нови. Имав околу дваесетина такви и се мислев што со нив?

Случајно една самохрана мајка побара да не имаме некој половен компјутер за нејзините дечиња. Средив еден, го однесов и тогаш кликна идејата дека од нечиј “отпад”, јас можам да донесам среќа некому.

Првите 20 се раздадоа по чуен муабет, после дојде креирањето на фан страна, прибирање на други донации и испорачување на истите онаку каде беше потребно.

Цела комуникација се одвивше преку социјални медиуми. Кога се расшири муабетот дека ете постои таква иницијатива, работите сами си се средуваа. Донираа физички и правни лица. На почеток беше тешко да се добие довербата.

Сега кога веќе сите знаат за #ДонирајКомпјутер, сигурни се дека нивните донации ќе завршат на вистински места и во вистински раце. Секоја донација која ја добиваме и испраќаме е јавно објавена.

Исто се случува и со отпадот кој останува и оди на уништување во компанија која се го уништува на прописен начин.

Секој компјутер кој пристига кај нас подлежи на дијагноза и по потреба поправка. Можам да кажам дека сум до толку упорен да еден компјутер понекогаш го проверувам по повеќе пати.

Понекогаш од три се прави еден кој би бил корисен за оние што ќе го добијат“, изјави Стаменов.

Принципот на селекција е прилично едноставен. Секој кој сака да се пријави и да добие компјутер е должен да достави било каква потврда со која ќе го докаже социјалниот статус на семејството.

Без таков доказ ние не праќаме компјутер. Затоа и луѓето донираат кај нас. Од кога ќе се процесираат пријавите, секој е известен во порака“, рече Стаменов во Машки магазин.

Но, Борче на својот Фејсбук профил постави еден необичен твит. Имено, неговиот прекaр на твитер е Шлапатало, и тој сподели твит кој пишува: „Океј е ова со Жан Митерв, но би сакал ИРЛ да го истражат малку повеќе Шпалатало“.

На овој пост се зачудија неговите пријатели, а еден коментар вели: И така по не знам кој пат се докажа дека човековата глупост нема граница. Мислам колку треба да си отиден со умот за да помислиш на вакво нешто“.

Борче, по ова нашишал уште еден статус поврзан со неговата хуманост и со овој претходниот и вели: Да ви го опишам накратко почетокот на денов. Ми пиша еден татко синоќа, за компјутер. Му викам:

Имаш таква и таква потврда?

– Да. Дојди утре.

И дојде, со синчето. 7-8 годиники.

– Еве ти чичо компјутер. Лелееее.

– Еве монитор.

Леле татоооо!

– Еве ти и звучници и слушалчиња. Леле се че имаме!

Ама еве ти и тебе и на тато по една маичка. Стиснавме рака со тато, ја стиснав и грло да не се распекмезам и ги испратив.

Така да другари, не ИРЛ, ФБИ и Ц ИА да ги викнете, ќе плачеме заедно на крај“, стои во објавата на Борче.

А претходно тој исто така искоментира: И да се надоврзам на претходната слика:

Земав бурек сабајле. И му се радував. Излезе така шуплив, исто како некои луѓе. Да.“

Previous articleВелешанката Мими од „Звезде Гранда“ око не склопила пред свадбата, откри низ што поминала пред најважната ноќ во животот
Next articleАнтониа Гиговска во Белград: Cлатко во тегла на македонски се вика компот, Огњен Амиџиќ се зачуди на овој одговор (ВИДЕО)