Home News Софија Куноска со предлог како да заштедиме на греење следната зима

Софија Куноска со предлог како да заштедиме на греење следната зима

Eнергетската криза ќе се решава со апели за штедење на струја.

Цената на огревното дрво кое стигна до 5.000 денари за кубик и на пелетите кои енормно поскапеа- со инспекции. Се уште не се знае ниту од каде и по која цена ќе задолжиме, пренесува 24 вести.

Владиниот економски тим, кој цел месец не се појави во јавноста без конкретни одговори што ќе преземат за граѓаните и компаниите да ја преживеат зимата која ќе биде најтешка до сега, а за која Европа уште пред неколку месеци на големо се подготвува.

Не се знае ниту дали ќе се донесат мерки за стопирање на растот на цените на храната. Комуналните претпријатија пак кои побараа помош и најавија повисоки сметки за вода и ѓубрарина, добија друга адреса да се обратат ан општините.

Министерот за финансии Бесими без конкретен одговор ниту колку, по која цена и од каде ќе се задолжиме за да ги покриеме буџетските дупки. Со ребалансот е најавено задолжување од над 900 милиони евра.

Бесими не открива ниту колку пари ќе ни даде ММФ ниту по која камата. А не се открива ништо ниту за еврообврзницата чија камата сега е 7,5 до 8 проценти. Бесими само ветува-ќе се задолжиме поефтино, правеле стратегија, пишува 24 вести.

Додека владата уште размислува како да ја ублажиме кризата, Европа веќе го подготви кризниот план, таму ниту една зграда или деловен простор не смее да се загрева на повеќе од 19 степени, а климите смеат да ладат на најмалку 25 степени.

Фабриките да ги намалат потребите од гас, да се префрлат на обновливи извори, исто како и домаќинствата. А има и антикризни мерки како и пари за помош на граѓаните, пишува 24 вести.

Поранешниот висок функционер во СДСМ и во Советот на Град Скопје, Софија Куноска, во статус на својот профил на социјалните мрежи, се предлог како да се ублажи кризата со греењето следната зима, која експертите ја најавуваат.

„Нашата зима и нашата стратегија за греење Не е решение само да се набави скапа струја со земени скапи кредити.

Не е решение ниту да се опустоши сиот дрвен фонд во земјата и да настанат дополнителни климатски штети кои нема да можат да се надокнадат со децении. Стратегија е нешто сосем поразлично.

За почеток можеби треба, сите што можат, да работат од дома.

Тоа ќе ја намали потрошувачката за греење и ќе помогне неопходната потрошувачка во училишта, болници и производни капацитети да не биде доведена во прашање.

Верувам постојат уште многу начини како да се намали потрочувачката на греење и струја но некој треба да ги мисли работите, а не само тендерите.“

Previous articleДимитар искрено раскажа што најмногу му замерува Cаpа по дома и што ја нервира
Next articleАца Лукас проговори за бившата жена: Понекогаш размислувам колку би било убаво повторно да бидеме заедно, размислува и таа, но никогаш не доаѓа до тоа