Home Live Велешанката Мими од „Звезде Гранда“ око не склопила пред свадбата, откри низ...

Велешанката Мими од „Звезде Гранда“ око не склопила пред свадбата, откри низ што поминала пред најважната ноќ во животот

Пејачката Мими Јивановска од „Ѕвездите на Гранд“ пред неколку месеци овјави слика со прстен кој ѝ го дал нејзиниот сакан, Филип Нине, познатиот музичар од составот Браќате Нуне и напиша: Милион пати ДА!

Оваа слика ја сподели Гордана Нуневска, идната свекрва на Мими која на Фејсбук напиша: -Си имам снаа. Да сте цел живот среќни!

Мими отсекогаш била многу убава и средена девојка, но откако реши да се мажи со Филип Нуне, таа ептен се разубаве.

Сменета боја на коса, па малку поинаков стил на облека, појака шминка- Мики како созрева така се разубавува а сигурно дека токму Филип Нуне е причина за оваа нејзина среќа.

Викендов Мими и Филип го кажаа судбоносното ДА и ја направија својата свадбена веселба. Иако невестата потекнува од Велес, по невеста се одело во Скопје, од заедничкиот стан во кој Мими и Филип веќе живеат, од каде тргна и целата церемонија…

А како поинаку ако не со музика и свирачи!“, објави Вистина.

Заклетва пред Бога на вечна љубов млафдите дале во црквата Св. Димитрија лоцирана преку Камениот мост, на влезот во Старата скопска чаршија.

Свадбената веселба во еден од напознатите и најатрактивни скопски локали во центарот на градот, каде најблиските, роднините и пријателите на младите и нивните семајства ја прославија венчавката.

Мими и Филип за првиот танц од нивната свадба одлучиле да создадат своја песна. Сопствена музика, стихови, аранжман, па песната самите ја отпеала Мими, ја снимиле и… Еве ја нејзината премиера на нивната свадба. Изведена во живо, отпеана и отсвирена од нив двајцата за првиот свадбен танц!

Но, погледнете каква згодна сверкрва има Мими. Госпоѓа Гордана, мајката на браќата Нуне, познатите музичари, уште пред свадбата гордо се пофали со своите две снашки.

Објави слика со нив и напиша: со снашките. На сликата се гледа дека Гордана Нуневска е многу убава жена, а убавите снашки ја прават уште поубава и ја подмладуваат.

Мими и Филип гостуваа во емисијата „Магазин“ на Тв Сител, и ова е всушност нивното прво гостување заедно откако се брачен пар. Тие во емисијата зборуваа за својата работа, но и за она што сите ги интересира, а тоа е свадбата.

-Ние ги почитуваме традициите, и ги сакаме, но свадбата тргна од местото каде што ние двајцата веќе две години заедно живееме. Немаше одење по невеста во Велес“, рече Мими.

Водителот на ова се пошегува дека ги избегнале патарините. „Со оглед на тоа дек Мими е од Велес, а две години живееме заедно во Скопје, немаше одење по невеста“, изјави Филип.

-Прво направивме веселба еден час со најблиските во нашиот дом, потоа во црква, а на крајот забавата продолжи во рестотранот“, откри Мими. „Еве, сега последен пат за ова лето носам бело“, рече тазе невестата која инаку за во емисијата носеше бело фустанче.

Интересно е дека всушност, Мими и Филип настапувале на две други свадби, пред нивната. „Ние сме професионалци, и нашата свадба беше закажана една година однапред. Исто така свадбите на кои пеевме беа закажани однапред.

Нашата свадба беше во неделата, на 17 јули, а на 15 и на 16 пеевме на други две свадби. Тоа е момент кога ќе си речеш дека треба да си ја завршиш работата, а потоа се релаксираш и се фокусираш на твојата свадба.

Бевме спиени 2-3 часа, и нашата свадба беше супер. Однапред беше се подготвено,“ рече Нуне, а невестата на тоа се надворза. „Невестата не беше спиена ич“, откри Мими на Сител.

Previous articleСе зборува дека тој е новата љубов на Гордана Шаулиќ- многу е влијателен и моќен, а следи и веридба?
Next articleСе сомневаат во чесноста на Борче- Донирај компјутер, се појави твит во кој велат дека треба да се истражи како Жан Митрев