Home News Пред малку се огласи Никола Груевски и се прости од важен човек...

Пред малку се огласи Никола Груевски и се прости од важен човек за партијата ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски четири години не е во Македонија, но сепак, секое споменување на неговото име, во јавноста предизвикува различни реакции.

Деновиве медиумите пренесуваа за неговиот развод од втората сопруга Боркица, а некои злонамерници побрзаа да шпекулираат дека причината за разводот било неверство од страна на Груевски со жена од Скопје.

Споменатата личност остро ја демантираше ваквата информација, изјавувајќи за Фокус дека во Будимпешта имала случајна средба со поранешниот премиер, како и други, илјадници граѓани од Македонија кои се сликале со него.

На социјалните мрежи, се огласи нашиот познат спортист и поранешен член на обезбедувањето на Никола Груевски, бодибилдерот Тоше Зафиров, кој во свој статус на социјалните мрежи, објаснува една поинаква, позитивна димензија на Никола Груевски:

„Со денови и денови читам недолични навреди кон личност која што мислам дека малку барем добро ја познавам и навистина е премногу за било кој

се тоа да се пишува сепак и тој има овде семејство има дечиња има мајка, роднини ,пријатели и сл.

Додека бев на служба во МВР како дел од 6 УПРАВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ и долги години како дел од тимот за обезбедување на г-от Никола Груевски не навлегувајчи во неговите политичка или бизнис кариера како човек кој што лично го познавам безброј пати помогнал на дечиња да отидат на лекување во странство без за тоа да се спомнува било каде.

Безброј пати јас лично сум сведок каде што помагал на многу луѓе кои што имаа здраствени проблеми ,на семесјтва кои што навистина беа финансиски загрозени и многу многу други примери.

Но се тоа се заборави остана само гневот кон него што ја отсликува нашата реалност во која што денес живееме.“

Пред малку, на својот профил на социјалните мрежи се огласи Никола Груевски, кој се прости од еден од основачите на ВМРО-ДПМНе, кој денес си замина од овој свет:

„Денес поч ина Владо Трнталовски, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако во поодминати години Владо Транталовски го запознав како многу одлучен, цврст, храбар, интелегентен и непоколеблив човек и голем патриот. Човек кој имаше цврсти ставови и идеали и човек кој ја сакаше Македонија.

Меѓу другите средби, во една прилика кога бев во Ресен, чинам дека тоа беше по свеченото започнување на градба на спомен куќата на првиот претседател на ВМРО (во тоа време МРО) д-р Христов Татарчев во Ресен, заедно со неговата ќерка Дијана ме поканија во неговиот дом во Ресен кога во една релаксирана атмосфера ми раскажуваше многу негови интересни лични сеќавања и случувања поврзани со основањето на ВМРО-ДПМНЕ,

од настани во неговата куќа во Ресен и средби во Скопје, па до Минхен и насекаде низ Макеоднија, но и мислење за многу во тој момент актуелни прашања во Македонија и во партијата.

Секогаш ќе паметам дека беше еден од првите основачи кој ми даде јавна и одлучна подршка кога настана расколот во ВМРО-ДПМНЕ во 2004та година.

И покрај возраста, беше редовно присутен на сите позначајни настани за државата и партијата, и во добри и во тешки времиња.

Пријатен соговорник, прониклива личност, навидум питом и смирен но цврст како карпа во своите патриотски ставови и идеали и подготвен за секаква жртва за Македонија.

Личност што секогаш ќе ја паметам и со позитивни чуства ќе се присетувам.

За неговото семејство искрени сочувства. Имаат причина да бидат горди на него. Нека почива во мир!“

Previous articleСе огласи поранешниот член на тимот за обезбедување на Гpуевски: Тој човек тука има мајка, дечиња – не е во ред ова да се пишува за него
Next articleРосоклија: Деновиве решив да направам тестамент