Home Live Никола тагува по својот колега, a eве што прави шеф Марк откако...

Никола тагува по својот колега, a eве што прави шеф Марк откако си замина од Брза кујна

Познатиот шеф Марк Де Јонг, готвачот од Брза кујна, брзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“, заедно со неговиот колега и другар Никола Мишковски, шеф во ресторанот „Камник“..

Марк Де Јонг пред неколку години дојде во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка. Дојде и остана решен тука да изгради нов живот, од почеток.

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија каде што шеф Марк со својот тим и шеф Никола со својот тим подготвуваат разни специјалитети.

Со намирници донесени од страна на учесниците, Марк и Никола за краток период знаат да подготват разни видови на јадења.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

Марк де Јонг пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.

По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот.

Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.

Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка гостуваа во емисијата Магаизн на Сител и таму раскажаа како им поминува нивното секојдневие. „Пиеме кафе со една лажичка шеќер, и се трудиме да го редуцираме, и да стасаме до кафе без шеќер“, рече сопругата на познатиот кувар од „Брза кујна“.

-Потоа појадуваме, интегрално лепче, кашкавал, путер“, додаде Марк и рече дека каде што живеат, во Сопиште, тој го нашол својот мир. „Јас доаѓам од Белгија, од центарот, од Брисел, и во Македонија го најдов својот мир, го најдов она што ми фалеше во Белгија“, рече Марк.

-Имаме нова слика, чист воздух, имаме убавина, не можам да ви ја опишам убавината“, изјави Марк, а потоа неговата сопруга потоа раскажа со што тој ја освои неа:

-Мислам дека, од првиот ден, ние настапивме со искрен разговор, и мислам дека, таа негова харизма, но и искрениот пристап е нешто што ми влезе во срцето. Но, исто морам да кажам дека Марк е многу позитивен човек.

Човек којшто има несекојдневна позитивна енергија, и тоа е тоа што навистина се случува. Јас сакам позитивни луѓе, сакам да ја споделувам енергијата со луѓето, затоа велам, секој што е среќен човек околу мене, ме прави среќна.

Се надевам дека нашата среќа, нашата позитивна енергија, споделена со нашите блиски, го прави животот малце поубав. Не само нашиот, и на нашите блиски“, рече Василка за својот сакан Марк.

Но, Марк пред неколку дена објави дека за жал веќе нема д биде дел од „Брза кујна“.

-Мора да ви кажам на сите што ме следите … нема да бидам дел од наредната сезона на Брза кујна… се надевам оти ви е јасно за што не… се гледаме во нови предизвици и им пожелувам само многу успеси во новата сезона на Брза кујна !!!“, напиша Марк.

Шеф Никола, сега тагува по својот колега и на Фејсбук, тој напиша: После 7 успешни сезони , после 1400 емисии, околу 6000 различни рецепти и многу интересни моменти , патиштата ни се разделија.

Шеф Марк , ми бесе чест, задоволство и предизвик да работам и снимам со тебе. Остави со сигурност голем печат во Брза кујна, но сигурен сум каде и да одиш ќе бидеш поддеднакво успешен.

Еј стрико, остаревме заедно. Вака се започна“, напиша Никола на Фејсбук. Сега, Марк не може глава да крене од работа, а понуди фрчат од сите страни. Марк ќе биде дел од Илиденскиот викенд во Маврово, и тој на Фејсбук споделил објава:

-30 јули, сабота | Тераса Бистра „Убавините и вкусовите од Маврово“, специјално изготвено мени од Шеф Марк. Цена на мени: 1800 денари по лице (со вклучено вино)
Местата се ограничени!“

Previous articleПо загубата на сопругот, најде утеха во нив: Нашата позната пејачка млада остана сама со ќерката
Next articleИздржа 30 километри на вода, Ване Маркоски направи неверојатно нешто во Охрид