Home Live Ина им одговори на газдите кои сакаат да протестираат: Прва година да...

Ина им одговори на газдите кои сакаат да протестираат: Прва година да не не малтpeтиpa сељачката музика од парк

Газдите на дискотеките в среда од 20 часот ќе протестираат пред Влада со мото „Сакаме ноќен живот во Скопје“.

Овој протест доаѓа како резултат на тоа што летните дискотеки во Градски парк се уште се без лиценци за работа, иако ги платиле и досега Министерството за економија им ги издавало врз основа на истата документација која ја приложувале кон барањето.

Од Министерството за економија објаснуваат за да ги издадат лиценците треба МВР да даде позитивно мислење, а оттаму нагласуваат пак, истакнуваат дека барањата на клубовите во Градскиот парк е правно неиздржани, бидејќи немаат сообраќаен проект и имотен лист.

Граѓаните со години реагираа на бучавата и гласната музика која секоја вечер ечи од паркот.

Минатиот месец граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк, предложи сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот.

– Светската пракса има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно сме загрижени, за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје.

Животните со години ја трпат то ртурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат.

Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот – соопштија тогаш од „Шанса за Центар“.

Околу дискотеките во градксиот парк, проговори и популарниот лик од социјалните мрежи, Ина Многуфина:

„Прва година да не не малтретира сељачката музика од парк која ечи низ Дебар маало и шансите за спиење се мали. Паркот претворен во профитерска тезга летно време, за профитот на неколку луѓе кои малтретираат цела населба.

Дискотеките треба да се прелоцираат негде каде ќе нема да сметаат и каде ќе има доволно паркинг за сите посетители.

Овие примероци на најпрошетани луѓе на светот од типот ние имаме шетано вие бедници ништо не знаете, кои тврдат дека во сите метрополи во Центар не се живее, не знам на кои метрополи мислат, а Скопје е град предвиден во Центар да се живее.

Градскиот парк е предвиден да е за рекреација на луѓето, а не тезга за 2500-8000 евра рента за дискотеки во кои во одреден момент се истражи дека не издаваат фискални.

Граѓаните нема да бидат заложници на диско мафијата, овие шо имаат видено многу метрополи и одредени луѓе од администрација кои им овозможуваат ова да трае со години.“

Previous articleРосоклија: Деновиве решив да направам тестамент
Next articleЈована од Сител целата блеска, овој човек е причина за нејзината голема среќа (ФОТО)