Home Live Издржа 30 километри на вода, Ване Маркоски направи неверојатно нешто во Охрид

Издржа 30 километри на вода, Ване Маркоски направи неверојатно нешто во Охрид

Ване Маркоски е ретко позитивен човек со неверојатна харизма која што не може да ја задржи за себе ниту за миг. Духовит и незаменлив, едноставно сите го сакаат, а има и зошто!“, објави за нашиот познат водител Момент.мк.

-Бев многу темпераментен. Многу ги нервирав родителите, затоа што уште од тогаш сакав да бидам независен од нив, како и секој тинејџер, а тешко ми одеше тоа. Мислев дека се можам сам“, рече Ване во една прилика за своето детство.

За Момент.мк тој ја отвори душата за времето кое го поминал во болница и раскажа за љубовта.

– До 2017 година мислев дека “се што лета, се јаде”. Работата во медиуми ја гледав многу поинаку од сега. Затоа периодов, досега, од мојот живот, можам да го поделам, пред и по таа 2017.

Зошто? Ќе се вратам на првата реченица. Бев опкружен со многу луѓе околу мене. Верував дека ако човек работи во медиум е кој знае што… и.т.н. Поради приоритет на се што се случува надвор околу мене, ја запоставив душата.

Со години сум ја труел со разни глупости, за да на крај завршам во болница, еден месец, но доволно да го поставам прашањето: Дали јас знам што имам во себе и дали ова е веќе сигнал дека не правам нешто како што треба?

Го допрев дното, решив да видам што има таму и да почнам да се кревам. Велат почни со промени.

Сменив работа, во животот селектирав неколку, ама вистински души, мои луѓе, пријатели, почнав да читам за стравови и решив да продолжан да дишам слободно и да си ја сакам секоја секунда од животот“, рече Ване.

Ване Маркоски неодамна oбјави кој му помогнал и му подал рака кога му било најтешко. Тоа е неговата колешка Вики Ристоска, која го работи проектот „Приказна“, во кој се разработуваат социјални теми:

„Колку е само денес реткост да најдеш пријател кој ќе ти подаде рака кога ти е потребно. Од нигде-никаде. Чест ми е што те познавам, сега и што соработуваме, што имам можност да учам како треба од голем човек и голем професионалец.

Да си ми жива и здрава Вики Ристоска. Среќен роденден ти посакувам и само убавини, затоа што заслужуваш многу!“, напиша тој.

Тој се присети и на едно негово патување во Италија, кога пиел утринско еспресо во Тревизо и напиша:

Едно од послатките еспреса што ги имам испиено во животот… и, не толку поради кафето, колку што амбиентов е створен за утринско кафе.

Ване повторно ,,избега” од горештините во Скопје и на својот профил на Инстаграм објави слики со друштво од плажите во Охрид.

Ване често на својот Инстаграм профил, каде што е најактивен, споделува животни совети, познати мотивациски цитати итн..

Ване со своето ново хоби, пловење со даска на вода како дел од Paddle Klub, поминал цели 30 километри низ Охридското езеро. Објавувајќи сбоја слика на Фејсбук, тој напиша: Свети Наум – Охрид, 30km. Секоја чест за Ване.

Сакаме да им се заблагорадиме на сите 40 учесници на LAKE OHRID SUP CROSSING 2022. Оваа година сите пријавени веслачи ја завршија оваа авантура“, објаснија за настанот од клубот чиј член е Ване.

Previous articleНикола тагува по својот колега, a eве што прави шеф Марк откако си замина од Брза кујна
Next articleСинот на Ламбе, Михаил, е мал авантурист – крушата под круша паѓа