Home News Росоклија: Деновиве решив да направам тестамент

Росоклија: Деновиве решив да направам тестамент

Статус на Горазд Росоклија: РАЗМИСЛУВАЊЕ

-Деновиве решив да направам тестамент. Не сум депресивен, не се подготвувам да умирам, тестамент не како резиме на создаденото во животот, туку како список на материјални добра со кои располагам.

И сфатив колку малку материјално оставам зад себе. Предмети за чие поседување сум посветил време и енергија, а тие не знаат дека постојам и нема да се сеќаваат на мене.

По којзнае кој пат, се соочив со сознанието дека сѐ што оставам е во луѓето.

Моите деца, моите ученици, моите пријатели, моите пациенти, луѓето чии животи сум допрел. И жените!

Жените за кои правев сѐ, за на крајот да им остане горчлив вкус во устата заради неостварени нивни или заеднички сонувања.

Како да им објаснам дека не сме виновни, ниту тие ниту јас?
Виновник е вечната вистина дека љубовните мечтаења и ветувања не траат и не треба да траат ниту еден миг после исчезнување на љубовта.

Милосрдие после љубов е навреда и понижување. Жалам што првиот тестамент не го напишав кога имав 30 години, да го видам направеното за да станам свесен за ненаправеното. Тоа е еден човечки живот.

Нешта -Хорхе Луис Борхес (1899-1986)

Мојот бастум, ситнежот, приврзокот,

Послушната брава и зарибаната

Прибелешките што моите преостанати денови ќе ми ги дозволат.

Немањето време за читање, картите, масата, Книгата, меѓу чии листови е притисната

Љубичицата, доживувањата во едно попладне Несомнено незаборавни, а заборавени, Вцрвенетото огледало свртено кон запад

Кај што гори илузорниот изгрев. Многу нешта, Датотеки, прагови, атласи, вински чаши, нокти, Кои ни служат, како неми робови,

Слепи, а мистериозно таинствени! Тие долго ќе го надживеат нашиот заборав; И никогаш нема да знаат дека нас не нема.

Горазд Росоклија-превод

Previous articleПред малку се огласи Никола Груевски и се прости од важен човек за партијата ВМРО-ДПМНЕ
Next articleИна им одговори на газдите кои сакаат да протестираат: Прва година да не не малтpeтиpa сељачката музика од парк