Home Live Горда баба: Цеца откри детали за својот внук Жељко досега непознати во...

Горда баба: Цеца откри детали за својот внук Жељко досега непознати во јавноста

Семејството Ражнатовиќ речиси го реновираше својот дом, па во него има базен, во кој постојано уживаат.

Но, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ призна дека со задоволство би ги спакувала куферите и би се вратила да живее на село.

Пејачката која е со потекло од Житораџа вели дека и се смачило од Белград каде живее 32 години.

-Сакам да се вратам на село, но обврските не ми дозволуваат, се гушам од смогот во Белград, но трпам, вели Цеца

Пејачката Цеца Ражнатовиќ за прв пат ги отвори вратите од својата вила на Дедиње.

За потребите на снимањето на еден велигденски специјал, таа покажа како изгледа дел од нејзиниот дом.

Кај Цеца се беше богато украсено – од украсите до убавите јадења кои беа на трпезата. Меѓу другото, пејачката во Премиера откри се за својот љубовен статус.

– Ако продолжев да споредувам, засекогаш би останала сама. Мислам дека заслужувам љубов и внимание, меѓу другото, секој живот го заслужува тоа – изјави Цеца во „Премиер-викенд специјал“ кој ќе се емитува во недела на Велигден, а потоа се осврна и на бракот на Анастасија со фудбалерот Немања Гудељ.

– Нека е жива и здрава! Знам само дека јас нема да се мажам – на шега изјави Цеца.

Да потсетиме, неодамна се дозна дека младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ се во среќна врска, а Немања вече е прифатен од семејството на Цеца.

На прашањето дека сè почесто може да се забележи во јавност, Цеца одговара:

–Кога новинарите ми го бројат тоа, очигледно излегува дека често сум надвор од куќата. Ако ме прашате, излегување два, три пати месечно и не е често според мене.

Но, нека биде дека често сум надвор од куќата. Едноставно, имам нормални социјални потреби како и сите други човечки суштества, а тоа е да имам социјален живот.

Пејачката во еден момент го покажа внукот Жељко кој цело време се смешкаше пред камера. Потоа излезе едно кратко видео кое Цеца го сподели на своето стори на Инстаграм каде што Цеца го држи Жељко во скут, а тој цело време се смешка, па во еден момент рече:

,,Баба Цеца.” Во тој момент сите ги насмеа на трпезата.

Од крајот на минатата и почетокот на оваа година, состојбата со ковид е далеку подобра, па музичките ѕвезди ги продолжија своите активности како порано. Цеца е многу чест гостин во Македонија, а минатата недела, требаше да настапи во познатиот струмички клуб „Аватар“.

Од таму, пред малку се огласија и објавија дека концертот е откажан, а објаснија и зошто:

„Моменталната ситуација и зголемувањето на новозаразени од Ковид 19 за жал овој пат не ја одмина и мегапопуларната балканска звезда Цеца Ражнатовиќ, која требаше да настапи вечерва во Клуб Аватар.

На наша и ваша несреќа поради потврда на позитивен Ковид тест, Цеца вечерва нема да биде во можност да го одржи долгоочекуваниот настап, а за забавата да продолжи вечерва ќе биде задолжена #Бани.

Сите оние кои веќе имаат набавено влезници во претпродажба , ќе можат да ги вратат влезниците вечерва на врата во Клуб Аватар.“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ сега е подобра и откри детали за својот внук Жељко, за кои досега јавно не зборуваше. Цеца Ражнатовиќ, всушност, е воодушевена што нејзиниот внук е талентиран за музика како неа.

– Ах, тој е многу мал… Не дека е мој, но детето е премногу слатко и премногу паметно. Има само две години, зборува и пее, се впива како сунѓер. Тој е премногу мал за да дојде на настап.

Многу е музкален, иако е мал, сериозен е со интонацијата, мислам дека го повлече мојот ген да имам талент за музика – изјави Цеца.

Previous articleИма голема ќерка, а изгледа како девојче, оваа наша позната пејачка како да не старее
Next articleВо оаза, на егзотични плажи, подалеку од јавноста- еве како уживаат Мартин и Стефан од Некст тајм со девојките