Home News Груевски: Се чини дека сега сите конечно сфатија, што тоа ние до...

Груевски: Се чини дека сега сите конечно сфатија, што тоа ние до мај 2017 сме бранеле

Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во свој подолг статус на социјалните мрежи, коментирајќи ги односите со Бугарија, меѓу другото пишува:

„…Не е точна тезата дека македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, па нема да може ни од сега. Оние кои барем малку познаваат историја знаат дека низ последните 100-150 години милиони Македонци се асимилирани од Бугарија, Грција, Србија,

Османлиската Империја а дел од нив и низ светот(се разбира не сите) како македонска емиграција. Ова се природни и политички процеси што насекаде се случуваат и ова што се однесува до асимилацијата на македонците е историски потврдено и го знае секој еден кој прочитал барем три книги за историјата на макеоднскиот народ.

Точно е дека и без документите и одлуките од месец јули Бугарија како земја членка на ЕУ можеше да го проблематизира зачленувањето на Македонија во ЕУ за да ги оствари овие цели.

Но ќе се судреше со многу земји внатре во ЕУ бидејќи тоа ќе го правеше без основа а тие на принципиелна основа ќе можеа да реагираат.

Сега, создадена е основа, и притисокот врз Бугарија од другите земји членки на ЕУ и од САД, а во корист на Македонија, би одел многу потешко и со помалку аргументи.

Точно е дека ниту една земја до сега не го загубила својот идентитет во процесот на зачленувањето во ЕУ. Но, точно е и дека досега на ниту една земја не и биле поставени вакви услови како што сега и се поставени на Македонија преку прифатените документи овој месец.

Членството во ЕУ треба да остане во фокусот на секоја влада на Македонија сега и во иднина, но со последните одлуки на власта се создадоа предуслови и за огромни други ризици од национален карактер, кои ќе бараат многу повеќе напор и внимателност во иднина и кои може да се основ за нови блокади на патот на членството во ЕУ.

Не можеме да ја обвиниме ЕУ или Франција за нејзиниот предлог, бидејќи токму владата преку нејзини преставници, пред повеќе месеци официјално побара од ЕУ да го превземе решавањето на проблемот, односно спорот меѓу нејзината земја членка – Бугарија и Македонија како земја претендент за членство.

И еве ЕУ се согласи, на барање и во преговори и дијалог со македонската власт даде предлог.

Секако дека луѓето во власта знаеле дека кога ЕУ решава проблем меѓу земја нејзина членка и земја која не е членка на ЕУ, механизмите во ЕУ се такви што неможе да се очекува земјата членка да биде во понеповолна ситуација со тој предлог.

Колку и да беше задоволство да се слуша во јуни и јули годинава “симфонијата” на аргументи и критики упатени кон власта од страна на стотици мои поранешни критичари и мои политички противници и неистомисленици, а на темата на националните прашања и Бугарија, и сето тоа во светлина на скоро усвоени документи и одлуки; колку и нивните изјави и натписи да личеа како јас да сум им ги напишал; колку и да стана јасно дека сите тие стотици аналитичари, новинари, преставници на НВО, шарени, реформатори, професори, глумци, владици, поранешни македонски амбасадори,

историчари, бизнимени, лекари, режисери и разни други тазе национално разбудрни “стручњаци” се чини дека конечно разбраа од што тоа ние до мај 2017 сме се бранеле и со што сме се справувале кога не коректно и не чесно не обвинуваа дека свесно го кочиме патот на Македонија кон ЕУ,

сепак овој месец и претходниот беше многу тажно да се гледа борбата, напорите, отпорот, противењето но и немоќта на измамениот македонски народ кон намерите и одлуките на една власт која го има загубено или се има одкажано од суверенитетот на земјата и не одлучува самостојно дури и за најважните национални прашања.“

Целиот статус на Никола Груевски, прочитајте го ТУКА

Previous articleУтрово, се огласија од Лекарската комора: Одземањето на лиценца на доктор, може да се случи само после судска одлука
Next articleПроф. Даниловски: Реалниот број на нови позитивни може да е и 35 илјади на ден, но потреба од мерки во моментов НЕМА – објасни зошто