Home Live Има голема ќерка, а изгледа како девојче, оваа наша позната пејачка како...

Има голема ќерка, а изгледа како девојче, оваа наша позната пејачка како да не старее

Пејачката Ружица Милошеска Бричоска, или едноставно Ружица Ареа е препознатлив лик на нашата рок сцена речиси три децении.

Вокалистката на бендот чии песни сеуште траат и се пренесуваат од генерација на генерација сеуште зрачи со истата харизма и им пркоси на годините, објави Фокус во една прилика.

-Приказната на Ареа започна со самиот спој меѓу Ружица и Ивица (некои не нарекуваа Ивица и Марица), ха,ха.

Поточно Ареа се формира и започна да функционира во 1991 година со создавањето на првите 3 авторски песни и пријавувањето на Поп-рок фест ’92 каде што, неочекувано за нас, победивме и во 1992 година во МРТВ го снимивме дебитантскиот албум “Случајно тука“.

Во бендот тогаш бевме јас, Ивица, Чеде, Горан и Душко. После 26 години сме во истиот состав, со таа разлика што наместо Душко на тапани сега е Владо.

Колку што се сеќавам немавме баш некои очекувања за голема популарност, туку само имавме сон да настапуваме и тој сон го следевме.

Во тој период го издадовме вториот албум „Врати на имагинација“ под капата на Авалон Продукција, со најголемиот хит „Сите мои слики“ и тоа беше веќе поинаков начин на функционирање.

Бевме позрели и бевме водени од добра продукциска куќа која ја насети можноста за успех и вистински ја организираше целата работа околу издавањето и промовирање на албумот и настапите.

Етикетата на една од најпопуларните рок групи ни носеше задоволство и поттик за работа, а од друга страна одговорност за понатаму, во смисла на квалитетот на музиката која ја создававме.

Универзална сала сме ја наполниле 3 пати, еднаш во 2000-та, а потоа два пати на unplugged концерите во 2010-та година. Но, исто така битно е да се спомне дека два пати сме го наполниле и Скопскиот саем и тоа првиот пат (2000-та година) беше буквално преполнет и надвор останаа луѓе кои имаа влезници, а не можеа да влезат.

Сите овие концерти, а и многу други беа во организација на Авалон Продукција. Секако дека посакуваме повторно да одржиме голем концерт во Скопје, но сепак за тоа треба да се создадат услови, пред се Ареа е потребно да издаде нов материјал.

Никогаш не сме кревале прашина околу некакво големо враќање иако после издавањето на секој албум имало паузи некогаш и повеќе годишни. Оставаме делото да посведочи за тоа.

Од друга страна никогаш не знаеш дали некоја песна ќе биде хит и дали воопшто ќе имаш хит. Потребно е да се состават повеќе коцкички за такво нешто. А за тоа сметам дека не сме доволно паметни. По мене, конците ги води некој „одозгора“ или со други зборови ние спремаме песни, а што ќе биде само Бог знае“, изјави Ружица во интервју за Фокус.

Таа е инаку автор на убавите текстови на песните на Ареа, и по тој повод, во Слободен печат изјави:

„Текстовите на песните не се конкретни раскажувања на случки, тие претежно опишуваат внатрешни доживувања и емоции поттикнати од надворешни настани од нашите животи, а доколку има раскажување, тоа е пренесено преку призмата на еден внатрешен свет на чувства.

Така што, на некој начин може да се каже дека сите песни се автобиографски, односно доживеани на еден специфичен уметнички начин, а верувам дека тоа е и причината што текстовите допираат до срцата на слушателите“, рече Ружица и се осврна на своето семејство, сопругот Ивица и ќерката Елена која е веќе возрасна.

-Ние сме школски другари од средно училиште, ха, ха. Инаку заедно сме од по завршувањето на средното училиште, па сè до денес.

Гледајќи од оваа временска дистанца сметам дека за нашата врска и нејзиниот опстанок до денес, покрај љубовта помеѓу нас, одлучувачка беше и љубовта кон создавањето музика, не знам, можеби и се лажам, ха, ха.

Професионалното од приватното до ден-денес не успеавме да го раздвоиме. Тоа од една страна е добро, а од друга страна и не е добро. Но, тоа сме ние, така функционираме.

Нашата ќерка Елена го наследи музичкиот талент од нас и од пред две години се приклучи кон бендот „Ареа“ како придружен вокал на живите настапи. Инаку, Елена по професија е магистер архитект“, изјави Ружица.

Ќерката Елена е вистинска убавица и личи со мајка ѝ според сликите кои Ружица ги објавува на социјалните мрежи.

„Ареа“ е во чекор со времето во музичкиот израз. Потврда за тоа е новиот албум „Љубов е„ кој го промовираа на почетокот од јули, во присуство на медиумите, соработниците и пријателите.

Изданието содржи 11 песни, од кои само три се познати на јавноста.

Откако се издаде албумот, Ружица е на заслужен одмор. Таа е позната по својата младоликост и добар изглед, а тоа го покажа со своата нова слика на Фејсбук. Родена на 4 април 1968 во Гостивар, а на своите 54 години изгледа како девојче.

-Уметниците зборуваат само тогаш кога можат да извршат влијание, а не кога некои тоа од нив го очекуваат и не само заради собирање следбеници… Enjoy the Sunset “, напиша Ружица на сликата од плажа на која изгледа навистина фантастично.

Previous articleСаше Политико: За да станеш добар хирург ти требаат 20 години учење пракса и одрекувања, додека некој дреме по дискотеки
Next articleГорда баба: Цеца откри детали за својот внук Жељко досега непознати во јавноста