Home Live Маја Панчева ја покажа убавата куќа, се разладува покрај домашниот базен со...

Маја Панчева ја покажа убавата куќа, се разладува покрај домашниот базен со коктели (ФОТО)

Маја и Дарко Панчеви се заедно доги години и се еден од најскладните парови во јавноста кај нас. Легендарниот фудбалер и пејачката имаат две ќерки, Надица и Марија.

„Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако се се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, изјави Маја во Женски магазин за својот сопруг, а потоа раскажа една приказна.

-Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“.

И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирна, јас и на двете забави се се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам.

Дарко и јас веќе 19 години си функционираме на еден нормален, човечки начин како да не сме луѓе од јавниот живот. Едноставноста е таа што си ја сакаме помеѓу нас.

Активна сум со музиката и тоа секојдневно, затоа што веќе пет години сум дел од хорот на МОБ. И секако, тука се и живите свирки кој ми се мелем за душичката“, рече таа во истото интервју.

– Јас немам менаџер, никогаш во животот сум немала, се сама правам и се трудам навреме мојот матерјал да стигне до медиумите. Но, за жал не ги пуштаат.

Се случува на пример еве песната „ Остави ме да горам“ од Калиопи, со спот од Александар Ристовски-Принц, која е направена пред пет години, да ја слушнат на некоја свирка посебно на свирките во Кафе 9-ка кои ги правиме заедно со Ѓорѓи, и да ме прашаат „Маја, нова песна ти е„ ?

Среќа што постојат интернет портали, фејсбук, социјални медиуми, па имаш можност да ја ставаш песната и допира до народот т. е. до слушателите. И дефинитивно, да така е, нема кој да се грижи како што беше случај во одминатите години.

Тогаш се знаеше дека има новинари, емисии, медиуми кои сакаат да знаат кога нешто има ново, кои доаѓаа, те прашуваа, снимаа, ги пласираа песните.

Можеби пак, се сменија времињата. Порано музиката беше поедноставна и послушлива за луѓето.

Мислам дека новиве генерации, еве на моите ќерки сакаат на пример по цел ден рап да слушаат, нешто ново …. Не знам, се прашувам често зошто дојде до оваа состојба?

Но, сепак сметам дека нема критериум, нема медиуми, нема емисии, топ листи, активни слушатели и гледачи…

Најголемо разочарување ми е МТВ, никаков однос кон емисиите на музиката. Се на се една емисија, без соодветна реклама, кој слушнал, кој видел ..

Најсакана песна и после толку години ми е песната испеана на Охридски трубадури 1998 -ма година „Дај ми да заспијам„.

Не добив награда, но публиката ја награди премногу. И досега после точно 20 години таа ми е најомилената песна.

Инаку, од многу скоро настан кој целата ме обзеде е настапот со Феми Кути, кој беше во тек на јуни месец во Градскиот парк. Таа музика, тој професионален однос на групата на овој врвен африкански музичар, беше прекрасно и незаборавно искуство.

Добив нова енергија нешто што е убаво да се доживее и не се заборава“, рече Маја во www.kulart.mk

На Фејсбук профилот на Маја се појавија слики од неа и од ќерката Надица, во друштво на пријателка.

На сликата, Маја и Надица изгледаат како да се другарки, а не како мајка и ќерка.

На друга слика пак, Маја во друштво на ќерка си и на пријатели ужива во летото, се разладува во базенот во својот дом со коктели и овошје, а нивната куќа е убава и вкусно уредена.

Previous articleДац емотивно се присети на Билјана Беличанец на денот кога е родена, ова е нивната тажна приказна
Next articleСлаткар романитечен, искрено кажа што прави за Сања и како може да го истрпи