Home Live Ретки моменти со ќерката по се што ѝ се случи, Елена Велевска...

Ретки моменти со ќерката по се што ѝ се случи, Елена Велевска ужива на одмор

За Елена Велевска секогаш многу се пишува но малку се знае за нејзините почетоци. Елена е родена во Прилеп, на 26 октомври во 1980 година, што значи дека на есен таа ќе наполни 42 години.

Се родила како втора ќерка во семејството Велевски. Уште на осум години запеала на училишните смотри на кои настапувала сè до завршувањето на основното образование кога речиси истовремено била избрана за претставник на Прилеп на училишниот натпревар што се одржал во Пробиштип.

Својата прва песна “Сонувам” ја снимила на петнаесетгодишна возраст со групата “Уникат” од Прилеп. Тоа ја охрабрило да го сними својот прв солистички албум “Што ќе ми се пари”, а го снимила во прилепското студио “Точак” на кој продуцент му бил Дејан Момировски.

Дејан Момировски го напишал и текстот на нејзиниот следен голем хит “Пу, пу машала” по враќањето од Австралија. Оваа песна го најавила и нејзиниот втор албум “Пу, пу машала” кој се состоел од осум песни.

Набрзо започнала со настапи на фестивали, а првиот фестивал на којшто настапила бил “Гоце фест 2002”, каде со групата “Болеро” од Струмица ја испеала песната “Еј, моја Македонијо”.

Таа година настапила и на “Цветници 2002” повторно со “Болеро” и ја отпеала песната “Сите солзи ќе ги пролеам”.

Следувало нејзиното самостојно излегување на “Валандово 2002” со песната “Свири чичек” на која комплетен автор бил Илчо Јованов и каде таа освоила награда за сценски настап. На тој сценски настап била придружувана од маестро Ферус Мустафов и дел од оркестарот “Агушеви”.

Со фестивалите се отвориле вратите за почести турнеи во странство, претежно во Швајцарија и Италија. Следната 2003, се претставила и на “Тетовски фолк фестивал” со песната “Живеам за тебе” која била многу добро прифатена и и донела учество на “Фолк хит на годината”.

Во 2003, настапила на првиот “Низа фестивал” во нејзиниот роден град Прилеп, со “Мелем песна” на авторката Радмила Митровиќ.

Потоа заминала на турнеја низ Австралија заедно со Дејан Момировски. На таа турнеја ги започнала подготовките за нејзиниот трет албум.

По враќањето во Македонија ја отпеала песната “Говорот на телото” чиј текстописец бил Ѓорѓи Калајџиев. На нејзиниот трет албум се нашле дури шеснаесет песни.

За новогодишните празници настапувала во Америка. Следното лето настапила на “Охридски трубадури” со песната “Шах-мат”.

Песната “Жена огнена” изведена на “Роса 2004” била широко прифатена од публиката. На нејзиниот четврти албум како автор на две песни се јавува токму таа.

во последно време, Елена е актуелна по неубави нешта, по разводот, и дека нема да оди во детали, но ја праша како во овој период таа фунционира, со оглед на тоа дека се вратила во Прилеп од Охрид каде што живееше со сопругот и со трите деца.

-Сега ми е многу порелаксирано, бидејќи начинот на којшто живеев во Охрид беше навистина динамичен, беше многу напорен, бидејќи сите три деца дојдоа по ред. Додека сум ги потпораснала Софија и Марко на ред дојде и Калија.

За нашата професија е навистина напорно да се има три деца, и некако сега се избалансираа работите, бидејќи децата припаднаа кај мојот сопруг. Тој е старателот, јас не ни сакав да му го одземам старателството.

Велевска објави стори од својата ќерка како плива на базен, во Охрид. По се што и се случи изминатиов период, и не е со децата постојано по разводот, Елена ужива во овие ретко-убави моменти со својата сакана ќерка.

Previous articleНоќно возење надвор од градот на мотор, Перо Антиќ во авантура со синот
Next articleНашата позната новинарка се потсети на денот кога Скопје се „тресеше“, а проговори и за своите родители