Home Live Слаткар романитечен, искрено кажа што прави за Сања и како може да...

Слаткар романитечен, искрено кажа што прави за Сања и како може да го истрпи

По неколкугодишна врска но и успешна соработка, Марко Маринковиќ- Слаткар и Сања Николиќ се земаа во 2014 година, а го изиграа првото брачно танго и тоа на тактовите на „Кажи да“.

Оваа песна која младоженецот ја направил специјално за оваа прилика. Со истата песна, Марко клекна пред Сања и ја побара за жена. Сега го имаат синот Моша, кој има две ипол години.

Поранешната Мис на Македонија и музичарот Марко Маринковиќ- Слаткар во неколку наврати имаат раскажано дека почетоците на нивната љубов се поврзани со една Златна Бубамара на популарноста.

Тогаш Сања јавно го прозвала Марко на сцената да ја прифати за пријател на Фејсбук.

Сања Николиќ која има напишано доста стихови за хит-песни на македонски изведувачи, го прослави својот роденден во домашна атмосфера со најмилите, а со јавноста одлучи да сподели и неколку фотки.

Таа за својот роденден добила мало изненадување од нејзината мајка која го украсила дворот за Сања, но и подготвила и домашна торта. Сања воодушевена од слатките изненадувања реши тоа гордо да го сподели со јавноста.

Поранешната манекенка на 15 април в0 2020 година година за првпат стана мајка. Таа и пејачот заедно го имаат синчето Моша, па во последнава година уживаат во слатките маки на родителството.

За разлика од својот сопруг, раперот Марко Маринковиќ-Слаткар, Сања Николиќ е порезервирана кога се во прашање објавите на социјалните мрежи.

Марко нема проблем ниту да ги пушти камерите дома, како што неколкупати ги угости „Бекстејџ“, но Сања за разлика од порано, сега нема желба да се појавува пред камери и да се експонира пред јавноста.

Слаткар во една прилика отворено зборуваше зошто ја сака Сања и дали има напишано песни кои се само за неа или песните му се моментална инспирација.

„Има неколку што се само за неа, но не се за у етер. А има и такви што сум ги пишал за неа, а важат за сите сакани девојки/жени“, рече Слаткар а потоа објасни зошто ја сака Сања.

-Затоа што може да ме трпи и затоа што можам да ја истрпам. Затоа што имам се што и недостасува и има се што ми фали.

Точно, како ден и ноќ сме, но нели, -мора да се стемни за да се раздени.

Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме“, кажа Марко за својата сакана.

Previous articleМаја Панчева ја покажа убавата куќа, се разладува покрај домашниот базен со коктели (ФОТО)
Next articleБолен одеше со автобус на онкологија, а беше прославен актер во Југославија- тажна приказна која никого не остава рамнодушен