Home Live Свилен отворен фустан и шлиц кои гордо ги носи, Ирена Спировска никогаш...

Свилен отворен фустан и шлиц кои гордо ги носи, Ирена Спировска никогаш поубава, еве зошто (ФОТО)

Нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје. Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.

Триесет години подоцна, Ирена Спировска е синоним за успешна и богата телевизиска кариера. Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани.

На Тв екраните, веќе 15 години ја гледаме на Алфа телевизија. Мајка е на Зорица која не се експонира во јавноста, и активен член на НВО „Борка“, објави за Ирена Спировска Женски магазин вое дна прилика.

-Откако режисерот ме забележа, ми понуди веднаш ангажман, да снимам тв реклама, но бидејќи бев сè уште средношколка, најпрво се двоумев дали да прифатам и дали тоа ќе влијае на мојот успех во училиште.

По разговорот со мојот татко и неговото одобрение, сепак ја прифатив понудата и ја снимив првата Тв реклама. Taка го заработив и првиот хонорар. Веднаш потоа станав дел од подмладокот на модната агенција „Моделс Ин“ и почнав да чекорам и по модните писти.

Учествував и на Изборот за зимска убавица на Македонија, каде што го освоив првото место, а со тоа и директен пласман во финалето за Мис на Македонија. Во меѓувреме матурирав и се пријавив на аудиција за најавувачи, која ја имаше распишано Македонската Радио Телевизија.

Од околу 200 пријавени девојки, влегов во потесниот избор од 20 кандидатки, од кои потоа само 10 беа хонорарно ангажирани во телевизијата.

Меѓу нив бев и јас, па поради тоа одлучив да се откажам од учеството на изборот за мис на Македонија и решив да се посветам на телевизискиот ангажман.

За мене тоа беше поголем и повозбудлив предизвик.

По двомесечната обука која ја имавме во МТВ започнав да работам на најава на програмата. Талентот за водење, во мене први го препознаа Александар Сидоровски и сега веќе покојниот Диме Костовски од третиот канал на МТВ.

Во тоа време овој канал нудеше забавна програма која беше многу популарна и гледана, а тие двајцата постојано мобилизираа нови млади луѓе да работат во Канал 3. Така добив шанса и задача да направам авторска емисија.

Одлучивме емисијата да биде музичка и да биде посветена на забавните и народните македонски евергрини. Користевме црно-бели снимки од архивата на МТВ, а доајените на македонската музичка сцена ни раскажуваа во живо во емисијата за себеси и за нивната работа.

Уште тогаш ја засакав многу македонската музика од постаро време, па бев пресреќна кога многу години подоцна во Алфа ТВ го направивме ТВ проектот „Еден бакнеж“, посветен на македонските евергрини“, реле Ирена во истиот медиум и додаде:

Некој рекол: Работи го тоа што го сакаш и ниту еден ден нема да мораш да работиш! Јас ја сакам оваа професија и покрај тоа што понекогаш е навистина напорно.

Но дури и во деновите кога сум лошо расположена, работата има позитивно влијание на мене и ме тера да заборавам на се друго, да се фокусирам на камерата или на публиката што е пред мене.

Патувањата од град до град понекогаш ме заморуваат, особено ако е набиен распоредот, но сето тоа е дел од работата. Секоја професија има си има своја тежина“. Таа е во долгогодишна врска со Душко Исајловски со кого ужива во планинарските авантури.

Ирена обајви нови слики од снимањето на емисијата „Везилка“ со својот колега Благоја Грујовски, а оваа емисија со нив ја води и Адријана Алачки. На сликите, таа целата блеска. Има свилен отворен црн фустан, но умререно провокативен кој супер и стои.

На една од сликите со неа и со Баже Грујовки е и пејачот-легенда Нино Величковски, а сликано е во Старо Нагоричане.

Има и уште една слика која ја има објавено Денис Кантуровски, заедно со Уска Кан оркестарот, на фестивал во Пехчево. Таму, Ирена има уште понагласен шлиц, и изгледа како девојче.

Во една прилика Ирена за Женски магазин има изјавено дека тајната на нејзиниот изглед е во умереноста, и дека нема на неа ништо вештачко, а се одржува со помош на здравата исхрана, планинарењето и пешачењето.

Previous articleВо оаза, на егзотични плажи, подалеку од јавноста- еве како уживаат Мартин и Стефан од Некст тајм со девојките
Next articleУтрово, се огласија од Лекарската комора: Одземањето на лиценца на доктор, може да се случи само после судска одлука