Home Live Во оаза, на егзотични плажи, подалеку од јавноста- еве како уживаат Мартин...

Во оаза, на егзотични плажи, подалеку од јавноста- еве како уживаат Мартин и Стефан од Некст тајм со девојките

„Мајка“ е насловен новиот албум на дуото „Некст тајм“, што го сочинуваат близнаците Мартин и Стефан Филиповски, а премиерно беше претставен вво јуни оваа година, објави Нова Македонија.

-Албумот „Мајка“ и го посветуваме на нашата и на сите мајаки во светот, но пред се на нашата единствена – мајка Македонија – порачаа момците од „Некст тајм“.

Се одржа мини-концерт на кој во живо слушнавме дел од песните што изминатите десетина години со атрактивни спотови ги претставуваа Мартин и Стефан.

Албумот се изработуваше долг период под палка на познатиот македонски композитор и музичар Никола Мицевски, кој исто така беше дел од концертот .

Тој на познати македонски народни, револуционерни песни им даде ново руво, што допре до младата публика во земјава. Доказ затоа беше пеењето заедно со Стефан вчеравечер и бурните аплаузи во такот на музиката.

-Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија.

Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија – изјави Стефан Филиповски, вокалот на Некст Тајм кој не ги штедеше убавите зборови за нивната мајка Сузана, а објави Женски магазин.

Нашата мајка е супер, голем борец, кој нѐ изнесе на вистински пат. Многу ни помогна од секој аспект. Имавме среќа, пред да се појави песната „Ја излези, Ѓурѓо“ да ѝ речеме:

„Мамо, веќе ти не ни требаш финасиски. Ние сега ова можеме да го тераме.“ И фала му на Господ што ни даде неколку хитови „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам, бабо“ и сите други што ги издадовме.

Можеме и финасиски да се обезбедиме и да организираме еве и добра промоција, да испечатиме цеде на свој трошок. Да биде сѐ како што треба. Ова ни е трет албум. И веруваме дека оваа „Мајка“ ќе остане за век и векови – појаснува Стефан за Женски магазин.

Како и секогаш, кога се во прашање „Некст тајм“ настанот предизвика огромен интерес, па голем број нивни обожаватели, пријатели, колеги, претставници на медиумите дојдоа да бидат дел од промоцијата.

Браќата од Next Time моментално престојуваат на првиот крак заедно со Андреа и Тинеа.

Среќните и заљубени парови споделија фотографии на социјалните мрежи и покажаа каде го минуваат летниот одмор“, објави Фемина.

А според сликите, станува збор за ептен егзотични места, каде што Стефан и Мартин уживаат со своите сакани, подалеку од јавноста.

Previous articleГорда баба: Цеца откри детали за својот внук Жељко досега непознати во јавноста
Next articleСвилен отворен фустан и шлиц кои гордо ги носи, Ирена Спировска никогаш поубава, еве зошто (ФОТО)