Home Live Анастасија во мини фустанче се фотна со мајка си: Цеца не дојде...

Анастасија во мини фустанче се фотна со мајка си: Цеца не дојде во Македонија, ама затоа ја испрати ќерка си наваму

Анастасија Ражњатовиќ во една прилика објави видео на американската инфлунесерка и јутјуберка Mayridts, во кое таа на плејбек зборува со нејзиниот глас.

И веднаш почнаа да “фрчат“ коментари. „Анастасија и Цеца ги имитираат Кардашијанс“, беше едниот.

Ким Кардашијан сакаш да бидеш, ефитна си, млада дамо, ти баш сакаш да се сликаш и да се снимаш, леле, колкaва уста“, беа дел од коментарите. Има и такви кои ја пофалија Анастасија дека е убава како мајка ѝ.

Анастасија Ражњатовиќ е секогаш многу актуелна во јавноста, и поради тоа што го носи товарот на славата на својата мајка Цеца, и поради нејзината музика, а и имиџ и стил на живот.

Таа неодамна зборуваше на многу теми поврзани со својот приватен живот, а зборуваше и за својата мајка.

– Во љубовта себеси би се дефинирала како искрена, посветена, верна и романтична личност.

Исто така точно знам што сакам и не се согласувам на никакви компромиси, кои би ме воделе да се откажам од себе и да ја менувам својата суштина.

Интелигентен, сталожен, чесен, духовит и умее прекрасно да сака“, рече таа. Во интервјуто, таа зборуваше и за својата мајка.

– Мајка ми е нестварно силна жена. Способна е да го спаси семејството кога е најтешко. Способна е да го одржи сето тоа со неверојатна сила и оптимизам.

Солзите на мајка ми се многу скапи и малкумина можеа да ги видат. Не се сомневам дека во текот на својот живот таа научила да плаче во себе, бидејќи во денешниот свет солзите се сметаат за слабост“, реча Анастасија во Женски магазин.

Анастасија Ражнатовиќ е многу блиска со нејзината мајка која сама ги воспитуваше неа и брат ѝ Вељко.

Младата музичка ѕвезда објасни зошто е горда на својата мајка и откри од што се откажала Цеца заради своите деца со цел да ги поведе на вистинскиот пат.

– Таа се откажа од сè затоа што е поинаку кога двајцата родители се грижат за растењето на своите деца. Самохран родител треба да носи сè сам на грб.

Мајка ми е цел живот јавно изложена на многу работи. Сето тоа ја отежнуваше ситуацијата, бидејќи беше со голем притисок во јавноста, но Цеца мораше да биде и добра мајка.

Јас сум многу горд на неа, секогаш и засекогаш – рече Ражнатовиќ и испрати силна порака до сите самохрани мајки:

– Мајка ми најдобро може да го каже тоа, бидејќи таа е таа што го помина тој тежок период од животот.

Но, кога ќе се сетам на мајка ми и нејзиното искуство, би им порачала да бидат силни, да им бидат најголема поддршка и пријатели на своите деца, и сè ќе биде како што треба.

Децата ќе знаат како да го ценат тоа“, откри Анастасија. За потсетување, нејзиниот татко, Жељко Ражњатовиќ си замина од овој свет на 15 јануари во 2000 година.

Анастасија објави стори со Цеца, на кое се гледа дека пејачката е добро, и го поминала вирусот по втор пат.

Пред неколку дена, медиумите објавија дека Цеца има позитивен Ко вид тест и е откажан нејзиниот настап во клубот Аватар во Струмица.

Но, затоа во истиот клуб, сега ќе пее Анастасија, и тоа на 30 јули, а ова го најави Балкан медиа на својата страница. Струмица не успеа да ја види Цеца, ама затоа има соодветна замена, нејзиниот подмладок.

Previous articleВиолета Томовска ми го спаси животот, копаше низ рушевините, низ мала дупка не извадија двајцата- познатиот музичар емотивно се сеќава на земјотресот во Скопје
Next articleДоколку имате било каков проблем во Грчка Кефалонија, на овој човек може да му се обратите – србин ги информираше своите сонародници