Home News Арбр Адеми: Милошоски прави класична злоупотреба на позицијата која ја држи

Арбр Адеми: Милошоски прави класична злоупотреба на позицијата која ја држи

Новиот амбасадор во САД Зоран Попов го помина филтерот на собраниската Комисија за надворешни работи. По барање на МНР, тој зад затворени врати, рефереирапе пред пратениците поради доверливиот карактер на информациите. Неговото излагање можеа да го проследат само парламентраците кои поседуваат безбедносни сертификати.

Македонија повеке од 4 години немаше амбасадор во Вашингтон, а за пополнување на ова место имаше повеќе предлози, но и шпекулации дека канидаатите не и допаѓаат на американската страна. Попов на амбасадорската функција доаѓа од местото државен секретар во МНР.

Своите тези пред комисијата денеска требаа да ги престават и Агрон Буџаку кој треба да биде дипломатски преставник во Канда, како и новите амбасадори за Норвешка – Дритон Куќи, Белгија – Методија Белевски и Словачка – Евгенија Илиева. Сепак распаравата за нив беше одложена.

Во наредниот период треба да се пополнат уште неколку испразнети амбасадорски места, меѓу кои Франција, Бугарија и Турција, каде ќе заминат Виктор Димовски , Агнеса Руси и Јован Манасијевски.

Откако беше прекината седницата од претседателот на Комисијата Антонио Милошоски амбасадорите кои беа дојдени за да бидат сослушани од членовите на ова работно тело, си заминаа зачудени зошто воопшто биле повикани.

Според Арбр Адеми од ДУИ кој е член на Комисијата за надворешни работи, ваквото однесување на Милошоски е злоупотреба на неговата позиција.

„Класична злоупотреба на позицијата претседател на Комисијата за надворешни работи, бидејќи без образложение се прекина седницата.

Добро што помина амбасадорот на Соединетите Американски Држави во претставување на платформата за дипломатските активности, но секако требаше да продолжи и за другите кандидати кои денеска дојдоа на таа седница . Навистина не постои издржано образложение зошто се прекина седницата а не е прв пат вака што се постапува“, вели Арбр Адеми.

Голем дел од амбасадорите кои веќе ги добиле агреманите неколку месеци чекаат и не заминале во државите само поради тоа што не поминале на Комисијата за надворешна политика, иако тоа не е задолжително за нивното преземање на должноста.

Дали би можело овие амбасадори да бидат испратени директно од претседателот на државата без да ја претстават нивната платформа во Собранието?

„Имало и амбасадори кои биле именувани без да ги презентираат нивните платформи во Комисијата за надворешни работи, бидејќи претставувањето на платформите нема законски основ, не е задолжително и директно преку претседателот на државата може да поминат.

Така што оваа пракса која е воспоставена во Собрание за образложување и претставување на платформите оди во полза на транспарентност“, додава Арбр Адеми, а пренесе ТВ21.

Previous articleУбави вести за пензионерите – еве колкаво покачување ќе добијат од септември
Next articleСтевчо во одбрана на Наќе: Тој што му го направи ова на овој господин, еден ден ние нему ќе му дадеме отказ