Home Live Дебарлиева и нејзиниот Јован морале да кријат дека се заедно од јавноста,...

Дебарлиева и нејзиниот Јован морале да кријат дека се заедно од јавноста, еве каква необична љубовна приказна имаат

Билјана Дебарлиева е долги години на ТВ екраните, и важи за една од нашите најпопуларни презентерки и водителки. Таа е една од оние наши јавни личности на кои многумина им се восхитуваат.

Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.

Дебаарлиева неодамна објави слика на Фејсбук на која таа игледа фантастично. Билјана е во улога на модел, таа рекламира познат домашен моден бренд и многумина ѝ честитаат што така добро изгледа.

– Во мојата кариера поминав низ многу ТВ проекти, најразлични емисии, снимање прилози на терен, едукативни, контактни, музички, а секако и информативни, т.е. како презентер на вести.

И тоа секогаш било или наизменично или по неколку обврски во исто време во трите медиуми во кои сум работела досега. Во секој случај, барем за мене лично, поголем предизвик се емисиите, затоа што во нив сама го осмислувам она што е финален производ.

Само во тој случај можам да ја изразам мојата креативност, да внесам нешто што е мој личен белег. Во презентерството, ако го работиш истото подолг период, барем за мене, станува сувопарно, затоа што го презентираш она што некој друг го смисли и го напишал.

Преку емисиите стекнуваме нови пријателства со луѓе од најразлични профили, а при самата подготовка учам и осознавам и нови нешта и работи.

Многу добро се сеќавам и нема да го заборавам 05.09.1993. Тогаш беше всушност и моето прво појавување на телевизискиот екран.

Една до две недели, претходно, првпат влегов во Македонската телевизија, како едно изгубено девојченце кое не беше свесно каде влегува и што да очекува од таа прва аудиција.

Веројатно такво ми беше чувството, затоа што до тој момент, никогаш не сум ни сакала, а ни помислувала дека јас еден ден ќе се појавам на ТВ.

Но, по игра на случајност, никогаш не знаеш што ти носи животот и како ќе се одвива се понатаму, несвесна дека можеби го имам талентот, а уште помалку желбата која веројатно била скриена во мојата потсвест, јас едноставно почнав на тој 5ти септември.

Од тогаш до ден денес останав во медиумскиот простор“, изјави Билјана во интревју за Женски магазин во една прилика.

Дебарлиева е горда мајка на Ана и Мики. Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.

„Тие се во возраст кога веќе не сум во ситуација да им дозволам или да им забранам нешто, едноставно сами го прават својот избор; но со претходна добра основа што сме им ја дале и јас и мојот сопруг.

Телефонот и компјутерот се за забава, но и за извршување училишни работи и други обврски. Без нив не се може во денешно време“, има изјавено Билјана за своите деца за „Деца.мк“.

Дебарлиева е во складен брак со Јован Дебарлиев веќе 26 години. Кога славеа 25 години, нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија додека ја одбележувале годишнината во еден скопски ресторан.

Токму тоа беше и причината, естрадниот магазин Бекстејџ да поразговара со неа. Таа сподели интересни ситуации од нивната младост и истакна:

– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам дечко. Потоа додаде:

– Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор…

За сопругот Јован, таа вели: „Се запознавме во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани.

И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес“, раскажа Дебарлиева.

Previous articleНи исчезна сè што заработивме: Емотивна исповед на Боба Живојиновиќ кој призна кој е газда во куќата
Next articleПроф. Даниловски за Доктори: Одговор на најчесто поставуваните прашања