Home Live Му наздрави, му се насмевна и го сподели својот рецепт за среќа:...

Му наздрави, му се насмевна и го сподели својот рецепт за среќа: Адријана Алачки пак изненадува

Адријана Алачки отворено зборува и за својот природен изглед и за тоа дека со години наназад вежба јога која ја прави така смирена.

„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена.

Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна, кажа во една прилика. Ако го миете лицето, а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието.

Здрав и стабилен ум, дава отсјај на лицето. Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања.

Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето. Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице“, вели Адријана.

Нема кој ја нема гледано Алачки која готви во кумановското Етно село, и по секој рецепт завршува со нејзиното познато мх,мх.

Рецептите на Адријана ги имаат пробано луѓе ширум светот, таа емисиите ги снимаше речиси на сите континенти.

– 6 јуни, 2011 година се емитуваше првата емисија Вкусот на традицијата на Алфа Тв. Денес ни е и Вам и на нас роденден.

Ви благодарам што токму поради Вас постоиме и Вие сте заслужни за овој јубилеј. Благодарам на сите верни соработници, организации на жени, благодарам на Етно село Тимчевски“, напиша таа на Фејсбук на овој датум.

Познато е дека Алачки својата кариера ја запона во дует со Ирена Спасовска, и кога дуото престана да постои многуина мислеа дека двете пејачки се скарани. Во една прилика Ирена ја раскажа новната приказна.

-Адријана сакаше да има второ дете и затоа реши да направи пауза, а јас сакав да продолжам, јас сум голем професионалец. Ние не сме се скарале, само секоја продолжи по својот пат“, рече Спасовска.

Минатата година, токму Ирена беше гостика во емисијата „Вкусот на традицијата“ и со тоа ги поби гласините дека се скарани со Адријана, откако готвеа заеднички.

Но, Адријана е пријателка со уште една друга Ирена, а тоа е водителката Ирена Спировска која е на истата Тв фреквенција, ТВ Алфа.

Адријана последниве денови постојано споделуваше слики од снимањето на емисијата „Везилка“, и одамна нема споделено слики од нејзината стара љубов, а тоа е емисијата „Вкусот на традицијата“.

Сега, сподели еден вкусен рецепт, а пред тоа напиша: експресија кога снимаш Вкусот на традицијата и се ти е превкусно..ммммхмхмх.. Тоа е нејзиниот добро познат заштитен знак.

Потоа, го сподели рецептот кој го направила, а тоа се пилешки џигерчиња и срца во сос!

-700 г пилешки џигерчиња и срца, 3 главици кромид, Лукче, 1 китка магдонос, 1/2 филџан оцет, Масло за пржење, 250 г кисело цедено млеко ( павлака), 2 дл хопла, Бибер, црвен пипер и мешан сув зеленчук, Триена сол.

До овој нејзин рецепт, таа ја сподели и својата среќа, му наздрави на пријател кој ги проба нејзините специјалитети во Етно село Тимчевски, и според неговиот израз на лицето, тој е задоволен од специјалитетите на Адријана.

Previous articleСе појави ретка снимка од Кили, раскажа вистинита и болна приказна на негов начин
Next articleНи исчезна сè што заработивме: Емотивна исповед на Боба Живојиновиќ кој призна кој е газда во куќата