Home News Нашата позната новинарка се потсети на денот кога Скопје се „тресеше“, а...

Нашата позната новинарка се потсети на денот кога Скопје се „тресеше“, а проговори и за своите родители

На денешен ден, во 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (MCS).

Магнитудата била 6,1 степени и длабочина од 5 до 7 км. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани.

Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на цела Југославија за таа година или во денешна вредност помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. По неколку дена почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Дури 87 држави во светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Поранешната новинарка, а сега политички аналитичар, која е особено влијателна на социјалните мрежи, Јорданка Ивановска Јоци, се потсети на земјотресот и опиша какво влијание тој предизвикал во нејзиното семејство:

„Денес е 26 јули, Свети Архангел, тежок ден. Денот ќе го посветам на нашиот град и оние 1.070 наши сограѓани кои ги изгубија животите и околу 3.000 кои беа потешко или полесно повредени.

Меѓу повредените, но преживеани беа мојата покојна мајка Даница (врз која се урна цел покрив од куќата во Н.Маало) и нејзиниот татко т.е мојот дедо.

Мојот покоен татко Русе, кој им беше сосед, не беше повреден, вклучително и бабите и другиот дедо, но татко ми ја спасуваше мајка ми.

Тој ден на сите нив им ги смени животите. Свети Архангел им подари втор живот. Други ја немаа таа среќа божјата рака да ги допре.

Сфатија и дека мора да го земат животот во свои раце, а не тој да ги земе нив и да ги меле во машина.

Од тој ден, мајка ми и татко ми, тогаш ни во врска, ни во брак, решија да го живеат животот со полни плуќа, да шетаат, да трошат, да не си стегаат срце по ниеден основ, што во љубов, што во јавни караници за глупости…

Не велам дека беа најсовршениот пар на светов, но беа мои прекрасни родители кои точно знаеја што имаат по дома т.е мене – ат омска бомба.

Понекогаш им сметаше, но генерално татко ми имаше израз – ,,цела си баба ти Јорданка и Ава Гарднер”. Вики Леандрос беше омилената пејачка на мајка ми во 70-те години.

Купуваше синглки плочи и ги пушташе по дома, додека ме тераше да јадам, а јас не сакав! Сакав да играм и да играаам…. Добра ноќ!“

Previous articleРетки моменти со ќерката по се што ѝ се случи, Елена Велевска ужива на одмор
Next articleВиолета Томовска ми го спаси животот, копаше низ рушевините, низ мала дупка не извадија двајцата- познатиот музичар емотивно се сеќава на земјотресот во Скопје