Home Live Ни исчезна сè што заработивме: Емотивна исповед на Боба Живојиновиќ кој призна...

Ни исчезна сè што заработивме: Емотивна исповед на Боба Живојиновиќ кој призна кој е газда во куќата

Лепа Брена отсекогаш имала витка линија и нозе на кои многу жени можат да ѝ позавидат, а покажа и дека тоа не се менува со годините.

Убавата Брена сподели фотографија од нејзината јахта на која позираше во едноделен розов и бел костим за капење.

Таа врза шал околу половината, така што нејзината вита става уште повеќе дојде до израз.

Во една прилика, таа за себеси раскажа во што е многу лоша. „Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка. Готвам само ако морам или ако децата ми побараат. Инаку, знам сè да готвам“, изјави Брена.

Таа раскажа за своето детство во Босна и Херцеговина, во градчетo Брчко каде што пораснала. Детството не ѝ било многу лесно.

„Кога бевме мали, мајка ми не учеше да месиме леб, за да не мораме надвор да одиме да купуваме кога беа силни зими.

Навечер месевме леб за да го имаме свеж за на сабајле, а преку ден правевме мекици и пити. И ако ме прашате кој е најубавиот спомен кој веќе на себе си не можам да си го дозволам, тоа е да го замесам лебот навечер, утредента да го испечам, и потоа да го јадам со домашен путер и со оној познат џем од сливи кој во себе ги имаше и лушпите.

Некои можеби претпоставуваат дека денес нашата куќа мириса на парфеми и на некои вештачки мириси, но сепак, нашиот дом најмногу мириса на храна.

Големо семејство сме, сакаме да се собереме на маса и заедно да јадеме, тоа ни е традиција, само што јас некако се научив да живеам под рачна кочиница поради љубовта кон мојата работа и поради почитта кон моето здравје.

Во овие години, треба многу повеќе да се негуваме“, рече Брена која со Боба Живојиновиќ прослави 29 години брак. „Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот.

И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално. А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, рече Лепа Брена во една прилика.

Лепа Брена е една од најпопуларните и најдобрите пејачки на овие простори. Таа ретко знае во јавност да го пофали својот сопруг Боба, но кога ќе го пофали, тоа е со многу убав опис.

– Тој е една многу комплексна личност. Тој ги научи нашите деца дека ако сакаат да бидат хедонисти, во тој случај треба да заработат доволно пари за да можат да живеат таков живот“, рече Брена.

Вистинските обожаватели на Брена сигурно се сеќаваат дека таа во деведесeтите години живееше во Скопје. Во тоа време Боба беше застапник на еден познат бренд за автомобили, па Брена, Боба и најстариот син живееја на Водњанска, за што Брена зборуваше во една прилика:

-Со задоволство го памтам тоа време. Македонија ми е во срцето. Само што денес Скопје не можам да го препознам, многу е сменето, многу е изградено, па и самата таа “Водњанска” по која се движевме воопшто не ми е иста, рече Лепа Брена за Вечер.

Но, она што е помалку пишувано, а српските медиуми го обзнанија во една прилика е дека бракот на Брена и на Боба во тоа време бил на „стаклени нозе“. Имено, тие биле пред разделување, а Скопје е причината.

Брена не сакала да се пресели од Белград, да ја остави својата кариера таму и животот кој го имала, а Боба инсистирал да дојдат во Скопје, од каде што го водел неговиот бизнис. Во една прилика, како што раскажа извор близок до семејството, Брена му поставила услов: Или јас или селењето во Скопје.

Боба бил на чекор од тоа да го откаже бизнисот во Македонија, но на крајот Брена се предомислила, откако сфатила дека со ембаргото во Србија во тоа време, сепак подобро ќе живее во Скопје. Многумина граѓани на Скопје тогаш биле зачудени кога најголемата Ју ѕвезда ја гледале на пазар или во маркет.

Поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ и сопруг на Лепа Брена со која има два сина Виктор и Стефан. Нивната љубов е магична приказна за која се зборува со децении и која ја воодушевува нашата публика.

Тие преживеаја и покрај сите неволји кои ги следеа во текот на нивниот живот, а Боба за време на гостувањето во емисијата „Што сум за тебе и кој сум јас за себе“, откри детаљ за кој јавноста не знаеше, а тоа е поврзано со формирањето на продукцијата „Гранд“ и големата несреќа што ја доживеаја.

„Ја основав продукцијата „Гранд“ за две недели, но тогаш веќе имав база, со заработените пари. По неколку месеци ни изгоре студиото, сè што инвестиравме исчезна преку ноќ.

А потоа дојде кај мене Саша Поповиќ и тој ме праша што да правиме сега, а јас му реков дека ќе го направиме уште подобро и поголемо, што и се случи.

Морам да му оддадам признание на Саша, тој направи голема работа за медиумите“, објасни Боба Живојиновиќ.

Тој се осврна и на бракот со Лепа Брена и направи интересна шега за нивната врска. „Цел живот сум сопруг на Лепа Брена, уште кога бев мал мајка ми ја глумеше Лепа Брена и јас така заспивав.

Боба Живојиновиќ ја откри тајната на успешниот брак и кој всушност е газда во куќата.

„Жената е глава на куќата и Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме и се почитуваме. Откако сето ова се случи со кор она вирусот, буквално поминуваме 24 часа заедно. Нашата врска стана уште посилна.

Мора да има почит и компромис во бракот“, објасни Боб и испрати порака до сите луѓе.

Previous articleМу наздрави, му се насмевна и го сподели својот рецепт за среќа: Адријана Алачки пак изненадува
Next articleДебарлиева и нејзиниот Јован морале да кријат дека се заедно од јавноста, еве каква необична љубовна приказна имаат