Home News Стевчо во одбрана на Наќе: Тој што му го направи ова на...

Стевчо во одбрана на Наќе: Тој што му го направи ова на овој господин, еден ден ние нему ќе му дадеме отказ

Поранешниот Министер за внатрешни работиво техничката Влада, Наќе Чулев, денес на социјалните мрежи објави дека останал без своето работно место. Тој меѓу другото напиша:

„…Јас сум човек – професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор, почнувајќи од најниското скалило во службата. Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија.

Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери.

Тоа што за сите нас е патриотизам и љубов кон татковината, оваа предавничка власт сега го стигматизира како македонски екстремизам и радикализам, а македонските патриоти, преку креирање на перфиден систем на лажни и фабрикувани информации континуирано ги елиминира од безбедносниот систем. На тој начин, смислено и со план ги ослабнуваат капацитетите на државата и ја доведуваат во подредена положба.

Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод.

Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции.

Јас и понатаму ќе бидат истиот Наќе Чулев – човекот кој неизмерно ја сака својата држава и професионално ќе придонесува за нејзиниот напредок и развој.
Нека ни е вечна Македонија.“

Од Агенцијата за разузнавање, за МИА, а во врска со денешната објава на поранешниот технички министер за внатрешни работи и поранешниот директор на Агенцијата дека по 25 години служба повеќе не е дел од безбедносниот систем, изјавија:

-На 08.06.2022, Наќе Чулев е суспендиран од работа. Причина за суспензија е добиеното Решение од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со кое се регулира материја поврзана со безбедносниот сертификат. Д

о овој момент Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата. Со ова Агенцијата за разузнавање констатира дека Наќе Чулев манипулира со јавноста, се наведува во одговорот на Агенцијата.

Лидерот на Гром и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, застана во одбрана на Наќе Чулев:

„Длабоко сум разочаран од веста дека поранешниот Министер за Внатрешни Работи, а во моментов наш разузнавач добил отказ. Срамота!

Добил отказ за Макдонски екстремизам и радикализам. Тоа во превод значи за Македонски патриотизам.

Целосно сочуствувам со Наќе Чулев затоа што кога јас би бил во безбедностите служби би бил уште поголем екстремист.

Тој што му дал отказ на овој господин и државата ја лишел од неговото долгогодишно искуство тој е петта колона во нашиот безбедносен систем и еден ден нему ќе треба да му дадеме отказ.

Не е само Наќе екстремист – патриот. Не има повеќе. ПОДДРШКА ЗА НАЌЕ!“

Previous articleАрбр Адеми: Милошоски прави класична злоупотреба на позицијата која ја држи
Next articleСе појави ретка снимка од Кили, раскажа вистинита и болна приказна на негов начин