Home News Убави вести за пензионерите – еве колкаво покачување ќе добијат од септември

Убави вести за пензионерите – еве колкаво покачување ќе добијат од септември

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на јулските пензии од среда, (27.07.2022 година).

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од среда и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

Среда, 27.07.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,

Четврток, 28.07.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,

Петок, 29.07.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,

Понеделник, 01.08.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Со слично соопштение се огласија и од Стопанска банка АД Скопје, од каде ги ивестија своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за месец јули од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со пензиите за месец јули, клиентите ќе можат да располагаат од 27.07.2022 (среда), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, велат од Стопанска банка.

Политиките и мерките кои Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика, ги креира и реализира со цел подобрување на квалитетот на живот на највозрасната категорија на граѓани во нашата држава, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за месечното издание на весникот „Пензионер“.

Министерката се осврнала на усвојувањето на новата методологија за раст на пензиите, со која пензиите ќе се усогласуваат со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот. Посочила дека со исплатата на септемвриската пензија, а согласно првичните анализи, пензионерите ќе добијат раст за околу 8 отсто повисоки пензии.

Таа потенцираше дека, покрај растот на пензиите, во време на економско-енергетска криза и ценовни шокови, Владата обезбеди и финансиска поддршка за 330 000 пензионери од 1.000 денари за времетраење од три месеци.

– Истовремено, Министерството во партнерство со општините и граѓанските организации работат на воспоставување социјални услуги на локално ниво, наменети за старите лица, веќе препознатлива и кај граѓаните помош и нега во домот, која е од особено значење и за корисниците на услугата, но и за вклучување на тешко вработливите лица од заедницата на пазарот на труд, изјави Тренчевска за весникот „Пензионер“.

Министерката појаснила дека оваа социјална услуга е обезбедена преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, проект на Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

Тренчевска информираше дека во рамки на првиот повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, 22 проекта во 27 општини добиле финансиска поддршка преку овој проект.

Најголемиот дел од нив или 16 се за помош на нега на стари лица во домот. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 500 корисници, а дополнителна придобивка е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.

– Заедно со Сојузот на пензионерите ќе продолжиме да креираме мерки и политики кои ќе бидат наменети за пензионерите и кои ќе значат помош и поддршка и во наредниот период, рече Тренчевска.

Previous articleДоколку имате било каков проблем во Грчка Кефалонија, на овој човек може да му се обратите – србин ги информираше своите сонародници
Next articleАрбр Адеми: Милошоски прави класична злоупотреба на позицијата која ја држи