Home Live Виолета Томовска ми го спаси животот, копаше низ рушевините, низ мала дупка...

Виолета Томовска ми го спаси животот, копаше низ рушевините, низ мала дупка не извадија двајцата- познатиот музичар емотивно се сеќава на земјотресот во Скопје

Скопје денеска одбележува 59 години од земјотресот кој го раз ори градот. Во земјотресот животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени.

На 26 јули 1963 година Скопје се разбуди под урнатини. Во катастрофалниот земјотрес кој го погоди градот во 5 часот и 17 минути животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени.

Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија..

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фата лните 5 часот и 17 минути изутрина.

На овој настан денес се сеќаваат старите скопјани на социјалните мрежи и во медиумите. Секој со своето искуство, секој со својот спомен на овој ден кој на многумина им откинал парче од душата.

Композиторот Љупчо Мирковски вели дека за малку ќе заг инел за време на катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули во 1963 година.

Мирковски тогаш имал пет ипол години, а животот му го спасила неговата братучетка, доајенот на македонската народна песна Виолета Томовска, објави Женски магазин.

„Роден сум во 1958, година, значи сум бил мало дете од пет ипол години кога се случи земјотресот во Скопје.

Тие години немаше баш некои поволни услови за живот. Мојата братучетка, Виолета Томовска која е од Битола, живееше во Скопје со нас, тука учеше средно училиште.

Виолета Томовска која е од Битола, живееше во Скопје со нас, тука учеше средно училиште. Ние си одевме често едни кај други, семејството на Виолета кај нас во Скопје, а ние кај нив во Битола, тоа ни беше како летување.

На 26 јули, Виолета од Битола дојде во Скопје, и јас запнав да не спијам во мојот кревет, туку да спијам со неа. Цела среќа моја понатаму е заради неа, затоа што креветот во кој обично спиев беше целосно искршен под рушевините од земјотресот.

Во срушена зграда, во целосен мрак, таа ме фати за рака за да не се плашам и почна да копа по рушевините.

По некое време, виде мал зрак и почна да копа спрема него, кога го подотвори почна да вика и така забележаа дека има некој жив под урнатините.

Низ мала дупка не извадија двајцата. Виолета ми е мојот Ангел спасител“, раскажал познатиот музичар. Целото нивно семејство, додека Виолета се обидувала да го спаси својот братучед било под урнатините на зградата.

„Бевме полна куќа, целото мое семејство беше под урнатините на зградата. Мајка ми тогаш беше бремена во шести месец со сестра ми.

Татко ми од под урнатинте ги извади вујко ми и вујна ми, но за жал, тие не успејаа да се спасат..“, се сеќава Мирковски на својот вујко, оперскиот пејач Благој Петров-Караѓуле и на неговата сопруга во една прилика во Женски магазин.

Previous articleНашата позната новинарка се потсети на денот кога Скопје се „тресеше“, а проговори и за своите родители
Next articleАнастасија во мини фустанче се фотна со мајка си: Цеца не дојде во Македонија, ама затоа ја испрати ќерка си наваму