Home Live Дани Димитровска имала различно детство од другите, раскажа за здравјето на нејзините...

Дани Димитровска имала различно детство од другите, раскажа за здравјето на нејзините родители

Песните со оригинални текстови во кои секој се пронаоѓа, специфичната интерпретација, имиџот,се нејзиниот заштитен знак, тоа е Дани Димитровска, напипша Женски магазин во една прилика.

Рокерка во душа која кариерата ја започна на поп-фестивалот „Макфест“. „Најдобра до сега“, „Не живеам за другите“, „Црно на бело“, „Слободна песна“ се дел од песните кои ја раскажуваат нејзината бунтовност од една страна и емотивната природа од друга. Мајка е на 22 годишниот Лазар, кој студира во странство.

– Мојата кариера буквално започна на музички фестивал. Пред тој фамозен настап, си потпевнував на патронати во школо. Пеењето во бања пред огледало не го сметам“, изјавила Дани во Женски магазин.

-Генерално, сите се соочуваме со долг период под пресија, црно бел трилер со ужасно нена штимана хистерија од тон. Период обоен во сиво при розеви лалиња и мајски бумбари.

Период на себе запрашување до каде сме, до каде сум. Период на себе посветување или период на обвинување кој ни е омилен повторуван филм. Избор. И одлука. Секогаш било избор и одлука за се, па и сега.

Одбирам да вдишувам и издишувам со љубов за себе, за локалната фризерка, за соседот од трети спрат, продавачот од малото дуќанче и наведи кого сакаш. Бидејќи на крајот на денот сите се родивме тука и сега со некаква причина.

Одбирам причината да е љубов добога. Полесна е за маневрирање од гневот. Поубави се брчките околу усни од смеење, отколку оние на чело од мрштење. Се соочив со она без што не можам.

Не можам да замислам живот без соживот. Здив без музика. И човек без емоција“, изјави таа за време на пандемијата во Женски магазин.

Не сум доживеала исклучителна лична трагед ија за која подигнат глас би значел подигнување на свест! А во први редови сум за подигнување глас на оние на кои вистински им треба.

Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор.

Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување. Го почитувам нивното единствено право на интима.

Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира“, изјави за истиот медиум Дани.

Дани во една прилика раскажа вистинска приказна за нејзините родители кои имале оштететн слух, и со со самото тоа таа имала детство кое е различно од другите.

– Моите родители само имаат оштетен слух. Меѓусебното разбирање не секогаш побарува совршено здраво уво. Тоа ме учеа во детството. Фала богу што било така, преку нив научив да разбирам со срцето.

Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите. Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии.

Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат. Денес како прави пензионери, кога ги посетувам, гледам остарени лица што играат карти во дневна со пиво на маса“, изјави Дани.

Previous articleЕчи „Жена од Султана“ во Аеродром, ич не спиеме, а се жалите дека нема ноќен живот
Next articleОд мал го учи синот да биде патриот: Миа Костова не е во Македонија, но ја споменува во секој статус