Home Live Ечи „Жена од Султана“ во Аеродром, ич не спиеме, а се жалите...

Ечи „Жена од Султана“ во Аеродром, ич не спиеме, а се жалите дека нема ноќен живот

Нора Шаќири и Марко Марковиќ на 6 април во 2020 година станаа родители на нивното прво дете Ијан кој е нивна голема гордост и тие се посветени родители.

Во интервјуто за Фешнел, Нора Сам Шаќири раскажува една прекрасна љубовна приказна што таа ја живее секојдневно со Марко Кума Марковиќ, а за која допрва ќе раскажува.

Во интервјуто раскажала и како тие се запознале, што е она најдрагото што си го подариле, но и тоа како семејството и пријателите на Нора го прифатиле Марко.

Таа раскажува и за тоа кој е клучот на среќната врска, но и за првите зборови со кои Марко од „Бенд Овер“ за прв пат ја шармирал!

Јас и Марко се познаваме повеќе од 15 години..сме се гледале по скопскиве улици..го знаев..и тогаш беше впечатлив, несекојдневен..пубертетлија, долга коса, се издвојуваше од другите…

Имаше свој рок бенд и по подолго време го видов со неговиот бенд како пред- група на Бени и Нон Стоп на нивниот прв концерт…Да бидам искрена, Марко од А до Ш ја памети таа ситуација, јас скоро и ништо да не се сеќавам (се смее).

Никогаш не се движевме во исти кругови, ама се среќававме на некои места кои во тоа време за деца на наши години беа актуелни и знам дека кога и да се сретневме, му велев тогаш на шега „ЈАС И ТИ ЕДЕН ДЕН ЌЕ ЗАВРШИМЕ ЗАЕДНО“…

Веројатно тогаш сум сакала да бидам „мангупка“ пред него, ама години подоцна тој мој мангуплак стана вистина која не е за еден ден, туку е повеќе од две години и дај боже за цел живот…

Почетокот на нашата врска не ја обележа интересна случка..јас и Марко се сретнавме во една многу тешка за мене ситуација…

нешто повеќе од еден месец по см р тта на мојот татко решив да се замешам меѓу луѓе, да се вратам во нормала и тогаш после долго време, го сретнав Марко..

Од тој момент па наваму, се развива нашата приказна…

Па јас и Марко немаме проблеми (се смее).

Шегата на страна, секој, па и ние се кошкаме, се расправаме, но чесно е да сум искрена и да признаам дека јас сум таа која повеќе и почесто полудува и сум расположена за кавга за разлика од Марко, кој е неверојатно многу смирен.

Тотално е неконфликтна личност и за овие години никогаш, ама никогаш не повишил тон ниту пак започнал караница…признавам, јас сум таа (се смее).

Она што Марко направи од мене, е една многу смирена личност, со мене барабар ги живееше сите мои тешки моменти, подеми и падови, сета тага и сета радост и на крај тој ме научи дека од секоја караница она што мора, е да се извлече поука од истата и да се научи како не треба…

Секоја наша препирка е чекор понапред во нашата врска“, стои во интервјуто за Фешнел.

Нора Шаќири на Фејсбук се изјасни по прашањето ноќен живот во Скопје, бидејќи деновиве многумина се жалат дека летните дискотеки не работат и Скопје нема ноќен живот.

За жал, предрасудите се дел од нашето секојдневие, јас научив да живеам со истите. Во текот на досегашниот живот многу предрасуди беа фрлени врз мене од тоа дека сум Албанка, дека сум муслиманка, дека сум јавна личност, па се до моментот дека се омажив за човек од друга националност и вера.

Многумина мислеа дека со невкусни коментари можат да ни ја згазат љубовта и врската со Марко.

Но, се случи токму она што мене ми е девиза во животот „ОНА ШТО НЕ МОЖЕ ДА ТЕ СКРШИ ЌЕ ТЕ НАПРАВИ ПОСИЛЕН“. Јас и Марко победивме и покажавме што значи вистинска љубов, почит еден кон друг, почит кон семејството и кон пријателите“, изјави таа во Женски магазин.

– Шо се жалите нема ноќен живот у Скопје ц ц ц, па дојдете во Аеродром три бисери ние не спиеме, пичи од кафичот т.е од здружението на музичари ,,ган” е пичи жена од султана ама ќе издржите пијачка две и ќе ви пројде укусот за музика. Идемоооооооооо“, напишала таа на Фејсбук.

Previous articleЗборуваа дека се обидела да си пpecyди, немаше среќа да има деца, а го сакаше само него и му беше верна: Животната приказна на Неда Арнериќ
Next articleДани Димитровска имала различно детство од другите, раскажа за здравјето на нејзините родители